Нашите цели за општината
Зелен развој
Општина која го чува и унапредува јавното зеленило, поттикнува енергетски ефикасни политики и се прилагодува на климатски промени. Општина која презема проактивни мерки за спречување наместо справување со очекуваните кризи предизвикани од климатските промени.
Добро владеење
Предвидлив и отворен процес на креирање политики, администрација исполнета со професионална етика која што делува во согласност со јавниот интерес, владеење на правото, јавност во работата и силно учество на граѓанското општество во јавните работи
Квалитет на живот
Секојдневие во кое движењето низ општината и по тротоарите е безбедно и се води сметка за бучавата. Каде принципите на заштита и спасување се вградени во сите политики и документи кои се создаваат и каде секој наоѓа поддршка за своите потреби и интереси.
Креативна заедница
Општина која ќе ги подржува и поттикнува своите граѓани да ги изразуваат своите креативни потреби. Општина која ќе се фокусира на културата и уметноста за и од заедницата.