КОЈA СУМ ЈАС?
Дипломиран инженер-архитект со професионална кариера како проектант од над 40 години. Сè уште професионално активна и општествено ангажирана, со написи за урбаниот развој на градот во стручни списанија и на социјалните мрежи за подигање на свесноста за значењето на струката во развојот на животната средина и нејзиниот морален интегритет. Заложник на идејата на градби во контекст на средината. Член на Академија на архитекти при Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Добитник на наградата Андреја Дамјанов за животно дело и други професионални признанија.
ЗОШТО СЕ КАНДИДИРАМ СО ШАНСА ЗА ЦЕНТАР?
Подолго ги следам заложбите на активистите кои ја градат платформата Шанса за Центар. Градот Скопје, а особено Општина центар ја зголеми густината на населеност на сметка на квалитетот на живот и уништување на јавниот простор. Треба да се запре единствен критериум за искористување на градското земјиште да биде градежно земјиште кое треба да оствари максимален профит, без да се гради концепт на одржлив развој на просторот како потрошно и ненадоместливо добро .
ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ЗА ЦЕНТАР?
Моето големо професионално искуство би го користела за сензибилизирање на јавноста за поактивно учество во зачувување на просторот од понатамошно непоправливо загадување со необмислени градежни зафати.