14 - Danica Pavlovska

Даница Павловска

cigipavlovska@gmail.com

КОЈА СУМ ЈАС?

Се доживувам како мајка, сопруга, архитектка/планер, граѓанска активистка посветена на искористување на стекнатото долгогодишно искуство за општо добро. Мојот повеќе децениски општествен ангажман ги потврдува моите лидерски и организациски способности (на пример: раководен државен службеник, претседател на ААМ, иницијатор на повеќе граѓански акции како за ГТЦ, Универзална, фабрика Треска и др.).

ЗОШТО СЕ КАНДИДИРАМ СО ШАНСА ЗА ЦЕНТАР?

Сметам дека моето севкупно искуство (животно и професионално) може да биде во функција на подобрување на квалитетот на живеењето на мојата заедница. Иако не сум политичар, би сакала да влијаам на политичките процеси и да придонесам со својот чесен и етички пристап.

ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ЗА ЦЕНТАР?

Промислувачки и одговорно можам да делувам во сите сфери во надлежност на локалната самоуправа, а особено во разгледувањето на темите поврзани со просторот и животната средина, како и во разрешувањето на актуелните препознаени проблеми во секојдневниот живот на заедницата. Од позиција на советник би се залагала за примена на принципот на одржливост, високо почитување на јавниот интерес, честа отчетност пред граѓаните и транспарентност во работењето на сите структури на општината.