13 - Darko Radulovic

Дарко Радуловиќ

radulovic09@gmail.com

КОЈ СУМ ЈАС?

Дипломиран на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Работам како професионален тренер по кошарка. Цел живот ми е поврзан со спортот, што како спортист, што како тренер. Имам големо искуство со работа со лицата со интелектуална попреченост, преку Специјална Олимпијада Македонија, каде волонтирам од 2004 год. и сум лиценциран тренер и таму.

ЗОШТО СЕ КАНДИДИРАМ СО ШАНСА ЗА ЦЕНТАР?

Сметам дека сите активисти овде се директно засегнати со проблемите во функционирањето и живеењето на Центар, и имаат искрени намери да ја направат општината подобро место за живеење, со реални цели и замисли.

ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ЗА ЦЕНТАР?

Од аспект на мојата екпертиза, најважно е да го подобриме квалитетот на живеење во Центар, а тоа подразбира да го подобриме здравјето и благосостојбата на сограѓаните. Тоа би требало да ги опфати сите старосни групи на жители, од децата во градинките и нивните услови за работа, создавање на здрави навики кај младите, преку најпродуктивната старосна група на населението, со создавање на реални услови за спорт и рекреација, до најстарата група на граѓани, со давање квалитетни совети и услуги околу задржување на нивното здравје и обезбедување клима за нивна благосостојба.