КОЈ СУМ ЈАС?
Жител сум на општина центар, економист, професионално ангажиран во сферата на медиуми и маркетинг, се одлучив да се вклучам во оваа иницијатива со надеж дека ќе придонесам да оставиме подобра, побезбедна и почиста општина за идните генерации.
ЗОШТО СЕ КАНДИДИРАМ СО ШАНСА ЗА ЦЕНТАР?
Бидејќи верувам во можноста дека постои поинаква опција која може да понуди различен пристап за општествено ангажирање вон постојните политички рамки, а со тоа да се даде нова шанса за унапредување на севкупното живеење во општина центар.
ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ЗА ЦЕНТАР?
Да дадам личен придонес во унапредување на квалитетот на современото урбано живеење, подобрување на ефикасноста и транспарентноста при одлучувањето а притоа почитувајќи го јавниот интерес на граѓаните на општина центар.