КОЈ СУМ ЈАС?
Историчар на уметноста, кустос и еден период директор на Музејот на современата уметност. Повеќегодишниот проект
и меѓународен конкурс “Кале, културна тврдина“ (https://bit.ly/3E8UDH1; и https://bit.ly/2X9KCs6), и проектот
“Ослободување на просторот“ што беше претставен на Биеналето во Венеција (https://bit.ly/38Xe2ML) се некои од моите
последни професионални ангажмани што се однесуваат на архитектурата, јавните простори, урбаната култура и
квалитетот на животот во Центар.
ЗОШТО СЕ КАНДИДИРАМ СО ШАНСА ЗА ЦЕНТАР?
Граѓанската контрола врз коруптивното владеење и искористување на политиката и администрацијата за партиски и
лични цели мора да стане постојана пракса, ако сакаме после 30 години лаги и злоупотреби нешто навистина да се
промени. Верувам дека Шанса за Центар, предводена со енергијата и знаењето на Јана Белчева и Дивна Пенчиќ е собир
на луѓе без политикантски и користољубиви цели и дека ако добие поддршка од мнозинството истомислечки граѓани ќе
може активно да влијае во позитивното и правично практикување на власта.
ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ЗА ЦЕНТАР?
Мојот приоритет, лично или преку Шанса за Центар e зачувувањето и развивањето на скопското Кале како јавен а не
диво приватизиран простор. Втора цел, залагањето за балансиран развој на градежништвото, инфраструктурата и
одржувањето на чиста средина. Трета цел, култивирање на јавните простори на О.Ц. во синергија меѓу уметноста,
архитектурата и граѓанската партиципативност. И конечно, да се постави прашањето дали после 1963 и 2014, центарот
на Скопје може да го премине паланечкиот праг и вистински да се модернизира со поголеми, визионерски и
интернационални проекти?