КОЈА СУМ ЈАС?
Раководител сум на студентскиот оддел при Градежен факултет во Скопје, 15 години. Жител на општина Центар од раѓање, која со моето растење се стеснува од аспект на простор за слободно движење – што е мој мотив за вклучување во оваа иницијатива. Имам дипломирано на економскиот факултет, финансиски менаџмент и магистрирано на градежен факултет, менаџмент со недвижности. Мајка и пријател, во секоја ситуација.
ЗОШТО СЕ КАНДИДИРАМ СО ШАНСА ЗА ЦЕНТАР?
Како жител на Центар, со мојата фамилија, опкружување и работно место во Центар, некогаш размислувам дека се движам во затворен простор, од точка до точка. Општина Центар гордо треба да е репрезент во чистота и среденост на еден град, но реалноста е многу поинаква. Низ призма на очите на мајката со количка со близнаци, на повозрасните родители, на комшијата со инвалидитет, на децата желни да поиграат на тревник/плочник пред зграда, се кандидирам за Шанса за Центар за слободни тротоари, повеќе зеленило, слободно движење, побезбедни улици, ограничување на брзината во улиците, употреба на иновации за подобар живот, воопшто.
ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ЗА ЦЕНТАР?
Со активно учество во следење на состојбите во градското опкружување, комуникација со граѓаните може да ги оствариме нивните потреби. Секојдневното користење на просторот и судирањето со низата проблеми со комуналниот отпад, окупирани тротоари, уништените училишните дворови и објекти, придонесуваат и секојдневно да размислувам како до решение на тие проблеми, воведување на ред и право на слободно движење за секој граѓанин во општината.