11 - Kiril Sotirovski

Кирил Сотировски

kirilsotirovski@gmail.com

КОЈ СУМ ЈАС?

Јас сум Кирил Сотировски, шумарски инженер, со потесна специјалност фитопатолог и универзитетски професор на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ при УКИМ. Покрај тоа, имам познавања и од хортикултурата, како и од други области поврзани со животната средина.

ЗОШТО СЕ КАНДИДИРАМ СО ШАНСА ЗА ЦЕНТАР?

Во Шанса за Центар сме група истомисленици сплотени околу заедничко мото – на најзначајната и најпрестижната општина во државата можеме да ѝ дадеме шанса единствено доколку им се спротивставиме на политичките елити, и да престанат да им служат примарно на своите и на интересите на

„бизнис“ елитите. Центар пред сè е на центарци и најважно е да обезбедува барем пристојни услови за живот на граѓаните, а не да биде сервис за администрацијата и вечно градилиште!

ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ЗА ЦЕНТАР?

Моите индивидуални познавања поврзани со хортикултурата и урбаното зеленило, како и моите многубројни професионални и лични контакти со домашни и меѓународни експерти од пошироката област на животната средина се влогот со кој би им служел на граѓаните и на моите соборци од Шанса за Центар. Оваа општина, нашето соседство, може многу брзо да биде убав пример за тоа како треба и како може да се препороди една општина за кратко време и да се стави во ред.