16 - Marija Shishovska

Марија Шишовска

marijashish@gmail.com

КОЈА СУМ ЈАС?

Како дипломиран машински инженер, во изминатите 8 години работам на различни проекти за заштита на животната средина и намалување на нашето негативно влијание врз животната средина. Од 2015та година се вклучив во движењето Во одбрана на Дебар Маало, а подоцна и во здружението Здравје пред профит во Центар.

ЗОШТО СЕ КАНДИДИРАМ СО ШАНСА ЗА ЦЕНТАР?

Сметам дека граѓаните и граѓанките треба активно да се вклучени во донесувањето одлуки на кој начин ќе се управува со општината. Ние сме тие кои секојдневно се соочуваме со одредени проблеми во општината и активно можеме да придонесеме за изнаоѓање на решенија за отстранување на тие проблеми. Токму поради тоа се кандидирам со Шанса за Центар.

ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ЗА ЦЕНТАР?

Можам да придонесам за подобар и почист Центар. Сметам дека ни се потребни нови политики за управување со отпадот, заштита на животната средина и почиста животна средина. Преку моето досегашно професионално искуство, можам да придонесам во креирање на соодветните политики. Како советник исто така ќе се борам за поголема безбедност на велосипедистите и пешаците во сообраќајот.