КОЈ СУМ ЈАС?
Долгогодишен граѓански активист на полето на заштитата на екологијата, со посебен афинитет кон заштитата на природата. Основач на еколошко друштво Еко-мисија, учесник во многу акции за пошумување и чистење на Водно, учесник на јавни дебати по еколошки прашања, но и на протести против загадувањето на воздухот, против минувањето на гасоводот преку Водно и др.
ЗОШТО СЕ КАНДИДИРАМ СО ШАНСА ЗА ЦЕНТАР?
Кај партиските претставници во Советите на општините постои тенденција предност да им даваат на личните и партиските интереси – на штета на јавните интереси. На претставниците на Шанса за Центар единствениот приоритет ќе им бидат интересите на граѓаните. Јас сакам да помогнам во тоа.
ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ЗА ЦЕНТАР?
Ќе се залагам за Општина Центар по мерка на човекот, со што повеќе зеленило, без дивоградби и без сообраќаен метеж.