Поднесена независната граѓанска листа „Шанса за Центар“

Граѓанската иницијативата „Шанса за Центар“ од утре ќе собира потписи за учество со независна граѓанска листа за општина Центар за претстојните локални избори. Платформата денеска ја претставија поранешната претседателка на Советот на Општина Центар Јана Белчева-Андреевска, која ја предводи листата и кандидатите за советници Дивна Пенчиќ и Јане Димески.

„Шанса за Центар е граѓанска иницијатива која произлезе од поврзување на „Здравје пред профит“ со активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спортот, култура и други области, кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на квалитетот на живот во општина Центар“, велат од иницијативата.

Постапката за собирањето потписи на избирачите за кандидирање на локалните избори започнува утре согласно Роковникот на Државната изборна комисија, а завршува на 30 август на полноќ. Потписите се собираат пред службените лица на ДИК и пред надлежен нотар на образец утврден од Комисијата во терминот од 8 до 20:00 часот, а на 30 август до полноќ.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *