01 - Jana Belcheva

Јана Белчева-Андреевска

jana.belcevaandreevska@gmail.com

КОЈА СУМ ЈАС?

Скопјанка, центарка, мајка и сопруга, другарка, електро-инженер по вокација, човек опседнат со бројки и знаење за просторни податоци, консултант за меѓународни и развојни институции, со искуство од општински финансии, мерење на индикатори за развој на општини, локализирање на стратешки цели за развој на ООН со програмите и проектите на локалната власт.

ЗОШТО СЕ КАНДИДИРАМ СО ШАНСА ЗА ЦЕНТАР?

Од активизам и протести и вон институционална борба, со политичко учество се занимавам од своите четириесетти, во момент кога почнав да размислувам дека нашето достоинство не им е важно на оние кои ги носат и креираат локалните политики. Не можев да поверувам дека се гласа и прифаќа да се живее во услови кои се недостоинствени, нехумани и неквалитетни, а тоа да му биде и „нормална“ околина на децата. Се уште сметам дека она што е добро, убаво, нормално, квалитетно мора да стане дел од животот на моите, вашите и на сите деца во нашата средина, а не да се навикнуваат на „ненормалното„ прифаќајќи го како неминовност.

ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ЗА ЦЕНТАР?

Со чесна мисла, со свои принципи, црвени линии и најважно од сè со верба и со идеали кои водат кон напредок, ќе влијаам за одлуки за заштита на јавниот интерес, квалитетот на живот, заштита на човекот, неговите права и секојдневни животни потреби.