КОЈ СУМ ЈАС?
Новинар и еколошки активист.
ЗОШТО СЕ КАНДИДИРАМ СО ШАНСА ЗА ЦЕНТАР?
Смачено ми е да апелираме на разум онаму каде што го нема. Ако сакаме напредок мора да се вклучиме. Ако сакаме стандарди мора самите да ги постигнеме. Ни претстојат тешки времиња во кои немаме луксуз да стоиме настрана. Мора да се подготвиме. Општината може да биде подобра. Животот може да биде поубав. Мора самите да го сработиме тоа.
ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ЗА ЦЕНТАР?
Да го посветам своето време на тоа како заедницата да биде поблиска, посилна и поздрава. Да придонесам да ги сопреме узурпаторите. Да внесеме нови начини на работа и размислување. Да бидеме отпорни и напредни. Да засадиме многу дрва. Да бидеме заедно. Да бидеме почеток на голема промена.