18 - Bozidar Kochoski

Божидар Кочоски

mdbozidar@gmail.com

КОЈ СУМ ЈАС?

Еден сосема обичен жител на Центар чие секојдневие е тесно поврзано со функционирањето на целата општина. Работам како доктор во Клинички центар и редовен шетач на 2 годишната ќерка. Покрај образованието на Медицинскиот факултет- Скопје, стекнав знаења и вештини во областа на менаџментот (EMBA) на факултетот Шефилд. Освен редовните обврски на Клиниката за хематологија, активно ги застапувам правата на младите лекари и специјализанти преку невладина организација.

ЗОШТО СЕ КАНДИДИРАМ СО ШАНСА ЗА ЦЕНТАР?

Да бидам доволно јасен и гласен со цел проблематичното секојдневие на центарци да биде соодветно артикулирано, а креативните решенија да бидат убаво образложени и научно аргументирани. Само активната партиципација во решавањето на проблемите може да донесе посакуван резултат. Желбата за подобрување на општината е основната причина да се придружам на енергичниот тим на Шанса за Центар.

ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ЗА ЦЕНТАР?

Да ги вложам мојата енергија и знаење во креирање на похумана средина за живеење. Заедно со тимот да ги препознаеме и посочиме негативните појави во општината кои директно влијаат на квалитетот на живот и здравјето на моите сограѓани и да понудиме решенија за подобрување на состојбата со нив. Јасно е дека некои од нив (бучавата, отпадот, загадувањето на воздухот…) го зголемуваат ризикот од респираторни и кардиоваскуларни заболувања, го зголемуваат бројот на карциноми. Само со наша активна партиципација како граѓани или како контролори на работата на општинските власти, можеме да донесеме позитивна промена. Грижата за здравјето на нашите сограѓаните е приоритет во моето размислување и делување  и сакам тоа да го пренесам на локално ниво со примена на различни алатки и активни мерки.