19 - Gala Naseva

Гала Насева

galanaseva@gmail.com

КОЈА СУМ ЈАС?

Гала Насева (1992, Скопје) е магистер по правни науки. Во моментов ја завршувам втората магистратура по родови студии. Работам како правен консултант во Музејот на современа уметност и сум ко-основачка на мулти-јазичниот вебсајт Платформ, посветен на еко-активизам, женските права и ЛГБТИ заедницата на Западен Балкан.

ЗОШТО СЕ КАНДИДИРАМ СО ШАНСА ЗА ЦЕНТАР?

Со Шанса за Центар, имам можност да придонесам за подобрување на секојдневието на граѓаните и да ги адресирам најалармантните проблеми со кои нашето општество се справува на секојдневно ниво. За да стане нашето општество поинклузивно, потребно е сите граѓани да имаат еднаква можност да придонесат кон секојдневни позитивни промени.

ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ЗА ЦЕНТАР?

Да придонесам во имплементацијата на ЕУ легислативата во домашната легислатива, особено законските и подзаконските правни акти посветени на климатските промени, одржливиот развој, урбанизмот, женските права и правата на лицата со попречености.