12 - Ivana Dragsic

Ивана Драгшиќ

unexploded.ordnances@gmail.com

КОЈА СУМ ЈАС?

Ивана Драгшиќ е социолог, феминистка и верува во климатски промени. Со колешките од Плоштад Слобода истражува и работи на теми како: заеднички ресурси, самоуправување, просторно планирање, јавни простори, независна култура, екофеминизам и самоорганизација.

ЗОШТО СЕ КАНДИДИРАМ СО ШАНСА ЗА ЦЕНТАР?

Затоа што сакам да придонесам на поинаков начин на планирање и одржување на животот во градот и неговата инфраструктура. Ме интересира создавање на нови институции и протоколи на грижа, јавни политики и култура кои негуваат праведен и квалитетен живот со редефинирана визија за тоа што е квалитет.

ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ЗА ЦЕНТАР?

Да придонесам во воведувањето на принципи на работа кои се базирани на докази, вистински праведни и рационални; да учествувам во носење на јавни политики кои ги земаат предвид неизбежните и одредувачки параметри: климатската катастрофа и социјалните и економски неправди кои ги предизвикува; но и да продолжам со активно делување во создавање на динамичен културен локален живот.