08 - Svetlana Karbevska

Светлана Карбевска

svetlanakarbevska@gmail.com

КОЈА СУМ ЈАС?

Јас сум повеќегодишен граѓански активист кој има желба и верба дека можеме заедно да ги подобриме условите за живот во општина Центар. По професија сум доктор и се обидувам да ја подигнам свесноста за поквалитетен живот и вклученост на секој од нас за да влијае и активно придонесе во подигањето на животните стандарди.

ЗОШТО СЕ КАНДИДИРАМ СО ШАНСА ЗА ЦЕНТАР?

Верувам дека промената е во рацете на свесните граѓани и само со наше директно вклучување можеме да направиме промена на подобро менаџирање со општината Центар. Верувам дека тимот во кој се организиравме сме најдобрата шанса за Центар навистина да биде општина на хумани вредности и пример за другите.

ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ЗА ЦЕНТАР?

Можам да се залагам за реализирање на програмите кои се неопходни за безбеден и квалитетен живот во маалата, на улиците, тротоарите, парковите, можам да сум во контакт со граѓаните за да ги чујам нивните проблеми на живеење и да ги преточам во предлози до советот на општината. Можам и сакам да се изборам за поголема доверба на жителите на Центар да се вклучат во заедничкото креирање на политиките во општината.