IMG-6057454e437ba90d2751ea66b2c6e4f9-V2

Љубица Иваноска

КОЈА СУМ ЈАС?

Пред се’ баба на 4 внуци, горда мајка на ќерка и син. Економист со 35 год.стаж во голема фирма, што своето работно и животно искуство би го применила, секако во позитивна насока, заедно и во соработка со своите сограѓани, градејќи едни похумани и поискрени човечки релации.

ЗОШТО СЕ КАНДИДИРАМ СО ШАНСА ЗА ЦЕНТАР?

Размислував многу и се решив и се решив за ова, само со една цел, да знам дека во мојот живот сум се заложила и обидела, колку сум можела, да го направам, макар за трошка, животот во оваа наша, прекрасна земја и град, поубав, поквалитетен… Па децата и внуците да не ни се иселуваат!!

ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ЗА ЦЕНТАР?

Убаво подредените прашања, во склад и делумно и на ова се одговорени! Пред се’ ќе се заложам за поквалитетен живот во сите сфери, посебно во секојдневните човечки односи и проблеми, застапувајќи ги сите старосни групи.