logo_shansa_za_centar(transparentno)

Како гласавме

Седница бр. 2

29.11.2021, 13:00 часот, сала за состаноци на Совет (барака бр. 6)
Дневен ред:
1. Предлог-решение за избор на претседател и на членови на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.
2. Предлог-решение за избор на претседател и на членови на Комисијата за статут и прописи.
3. Предлог-решение за избор на претседател и на членови на Комисијата за финансирање и буџет.
4. Предлог-решение за избор на претседател и на членови на Комисијата за урбанизам, планирање и уредување на просторот.
5. Предлог-решение за избор на претседател и на членови на Комисијата за локален економски развој.
6. Предлог-решение за избор на претседател и на членови на Комисијата за комунални работи и заштита на животната средина и природата.
7. Предлог-решение за избор на претседател и на членови на Комисијата за јавни дејности.
8. Предлог-решение за избор на претседател и на членови на Комисијата за образование.
9. Предлог-решение за избор на претседател и на членови на Комисијата за здравствена, социјална заштита и заштита на децата.
10. Предлог-решение за избор на претседател и на членови на Комисијата за доделување општински награди.
11. Предлог-решение за избор на претседател и на членови на Комисијата за родова еднаквост.
12. Предлог-решение за избор на претседател и на членови на Комисијата за култура.
13. Предлог-решение за избор на претседател и на членови на Комисијата за Програма за работа на Советот.
14. Предлог-решение за избор на претседател и на членови на Комисијата за доделување на Годишната награда на Општина Центар – Феникс.
15. Предлог-решение за определување на членови од Советот на Општина Центар-Скопје за учество при склучување бракови во Матичната служба на Град Скопје.
16. Предлог-одлука за давање согласност за спогодбено преземање на административен службеник.
17. Предлог-одлука за давање согласност за спогодбено преземање на административен службеник.
18. Предлог-одлука за давање согласност за спогодбено преземање на административен службеник.
19. Предлог-план на програми за развој за период 2022-2024 година на Општина Центар Скопје.
20. Предлог-одлука за прераспределба на средствата во Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2021 година.

Седница бр. 1

12.11.2021, 13:00 часот, сала за состаноци на Совет (барака бр. 6)
Дневен ред:
1. Избор на претседател и на членови на Верификационата комисијa на Советот на Општина Центар-Скопје.
2. Извештај на Верификационата комисија со предлог за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Центар-Скопје.
3. Избор на претседател на Советот на Општина Центар-Скопје.

Волонтирај во кампањата

Доколку сакаш да ни помогнеш во кампањата, а сметаш можеш да придонесеш со своето залагање и работа во тим, пријави се за волонтер во кампањата на незаисната граѓанска листа Шанса за Центар. Потребни ни се динамични и исполнителни луѓе, комуникативни и отворени, по можност со познавање на маркетинг, управување со податоци, пишување, теренска работа.

    Ние веруваме дека силата е во Советот кој е избран од жителите и треба да делува во корист на жителите. За жал, досегашната пракса покажа дека советниците погрешно мислат дека се избрани од партиите и таму треба да го даваат отчетот и нивното делување треба да е од интерес и во интерес на партијата. Ние сме обединети околу вредности, а не интереси, каде делувањето на советниците е во корист на оние кои ги бираат и чии политики ги адресираат потребите на жителите и „големата слика“ за развој на општината.

    Ние веруваме дека критикувањето е здраво, но ќе донесе помалку резултати од директно преземање одговорност и делување кон решенија за кои стручните луѓе од нашата група и останатите наши сожители веруваат дека ќе го подигнат достинството и квалитетот на живот во општината.

    Битно е да се дефинира што е победа. За нас победа е освојување на простор од каде ќе се шири еден поинаков наратив, во политиката. Кој ќе се темели на вредности, а не на интереси. Каде советникот ќе биде глас на граѓанинот, а не шаховска фигура во рацете на политичките партии и и нивните интереси за пресметка со конкурентите.

    Ние ќе се претставиме како личности кои се реализирани и сакаат да дадат. Ние бараме шанса од нашите сожители да дадеме вредност на општината и животот каков го посакуваме заеднички. Немаме намера да го земеме она што е „највредно“ во вид на парцела, како што е досегашната практика. Тоа сме го докажале преку битката за одбрана на паркингот спроти Холидеј Ин која ја предводеше носителот на нашата листа. Нејзиниот интегритет и работа во советот е потврден преку делувањето и јавните настапи.

    Новости