НЕЗАВИСНА ГРАЃАНСКА ЛИСТА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2021

Новости

„Шанса за Центар“ ги собра потребните потписи

„Шанса за Центар“ го собра потребниот број потписи за да оди на избори. Тие ги доставија до Државната изборна комисија. Тие и официјално се учесници на престојните локални избори. Сметаат дека на изборите ќе покажат дека може различно од она што досега се гледало во скопски Центар. Потписите ги собраа три дена. „Шанса за Центар“ е граѓанска иницијатива која произлезе од поврзувањето на Здравје пред профит со повеќе жители на Центар,активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спорт, култура и други области кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на животот во нашата општина. „Како независна граѓанска листа ќе се бориме Центар да добие нова шанса! За Центар како општина по мерка на граѓаните, каде политиките се кројат транспарентно и според факти, а квалитетот на живот е појдовен принцип на размислување и делување. Ќе инсистираме идните планови да не се изработуваат зад затворени врати и во интерес на само малкумина. Плановите мора да бидат резултат на анализи, по мерка на жителите и со приоритет на заедничкиот пред личниот интерес. Тие мора да се спроведуваат правично и законски, еднакво за сите, без „попусти“ за никого. Пристапот кон информации за секој план и секоја дозвола не смее да биде загрозен. Нашата цел се потребите на граѓаните. Нивното право на чист воздух! Нивното право на безбедно и достоинствено урбано живеење. Да дадеме шанса да се направи различно. Преку советот на општината имаме шанса да влијаеме за одржливо решение за финансирање на нашата општина, различно од сегашното каде главен извор на пари се приходите од градењето на згради или продажба на земјиште за градење“, објавија тие.

Поднесена независната граѓанска листа „Шанса за Центар“

Граѓанската иницијативата „Шанса за Центар“ од утре ќе собира потписи за учество со независна граѓанска листа за општина Центар за претстојните локални избори. Платформата денеска ја претставија поранешната претседателка на Советот на Општина Центар Јана Белчева-Андреевска, која ја предводи листата и кандидатите за советници Дивна Пенчиќ и Јане Димески. „Шанса за Центар е граѓанска иницијатива која произлезе од поврзување на „Здравје пред профит“ со активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спортот, култура и други области, кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на квалитетот на живот во општина Центар“, велат од иницијативата. Постапката за собирањето потписи на избирачите за кандидирање на локалните избори започнува утре согласно Роковникот на Државната изборна комисија, а завршува на 30 август на полноќ. Потписите се собираат пред службените лица на ДИК и пред надлежен нотар на образец утврден од Комисијата во терминот од 8 до 20:00 часот, а на 30 август до полноќ.

🔨 Наголемо е почната сезоната за реновирање. 🛻ЈП „Комунална хигиена“ има опција за подигнување на шутот и кабастиот отпад и негово транспортирање до легална депонија. https://www.facebook.com/photo/?fbid=569077288564021&set=a.275304264607993

ℹ Ти треба општински службеник, инспектор, некој од секторот за образование или спорт, некој одговорен за дрворедот пред зграда или за хигиената во маалото или кој било друг од скоро 140-те службеници од Општина Центар? Како ги наоѓаш? https://forms.gle/XiUzQx7sQN7na8pk7

ℹ Ти треба општински службеник, инспектор, некој од секторот за образование или спорт, некој одговорен за дрворедот пред зграда или за хигиената во маалото или кој било друг од скоро 140-те службеници од Општина Центар? Како ги наоѓаш? https://forms.gle/XiUzQx7sQN7na8pk7

Асфалтирај три пати еднаш сечи (и само декларативно зборувај за транспареност)
🔎Вака изгледа асфалтирањето на маалска улица во Центар. Историјатот на настаните е: https://www.facebook.com/ShansaZaCentar/posts/pfbid02PijF1gbzVDEC5raJ5C9LPChhCosyuZyYpED6y3RELsPaa1PF82qFhX6X7o4bUXj7l

4

❗Форсирањето да се основа трговско претпријатие за струја без економска анализа, предвидување на ресурси, кадар, пари и ризици во бизнисот со струјата за нас е НЕСЕРИОЗНО. Mоже да доведe до уште еден општински загубар кој само ќе вдоми партиски кадар https://www.facebook.com/ShansaZaCentar/posts/pfbid02t3TpoY5ARacoK6j4w74YmSyGpcPd6THgA96jRaMezwHagquzoQfbymJSq6joBcprl

Како што велат стручњаците, не убиваат земјотресите туку лошите градби, доградбите, измени во градби, легализацијата, и корупцијата. Погледнете го предупредувачкото истражување 360 степени: https://360stepeni.mk/video-drzhavata-nema-informatsija-shto-znachat-iljadnitsite-legalizirani-divogradbi-vo-situatsija-na-eventualen-zemojtres/

Стравични слики од земјотресот во Турција и Сирија. Во срцето и со мислите сме со луѓето погодени од катастрофата. Солидарност, обединета и координирана помош е најважна во моментов. Помогнете колку можете преку Црвениот Крст, деталите се на сликата

2

Ги мапиравме јавните објекти во Скопје кои се греат на нафта за домаќинство и мазут. Ги има преку 100❗ За една сезона може да изгорат над 2,7 милиони L нафта за домаќинство и стотици илјади KG мазут. ❗Училишта, градинки, болници... погледнете ја мапата: https://www.google.com/maps/d/viewer?mid=1l4gHHYppQt5QR1S1P9sf4hQsgiHMSp4&usp=sharing

Ги мапиравме јавните објекти во Скопје кои се греат на нафта за домаќинство и мазут. Ги има преку 100❗ За една сезона може да изгорат над 2,7 милиони L нафта за домаќинство и стотици илјади KG мазут. ❗Училишта, градинки, болници... погледнете ја мапата: https://www.google.com/maps/d/viewer?mid=1l4gHHYppQt5QR1S1P9sf4hQsgiHMSp4&usp=sharing

ВОЛОНТИРАЈ ВО КАМПАЊАТА

Доколку сакаш да ни помогнеш во кампањата, а сметаш можеш да придонесеш со своето залагање и работа во тим, пријави се за волонтер во кампањата на незаисната граѓанска листа Шанса за Центар. Потребни ни се динамични и исполнителни луѓе, комуникативни и отворени, по можност со познавање на маркетинг, управување со податоци, пишување, теренска работа.