logo_shansa_za_centar(transparentno)

За сите граѓани кои сакаат да ја слушнат, нашата програма во аудио формат.

 Препознаените предизвици во областа се: 


 

Лажна транспарентност на финансиите, планирање на средствата неусогласено со потребите на граѓаните, квалитетот на сервисите и без можност за граѓански амандмански промени на предлог-буџетот, фиктивна партиципативна демократија, јавни набавки без оглас, буџетски календар што не се почитува и го укинува процесот на 3 фази за носење буџет, слаба вклученост на граѓаните во дефинирањето на развојните програми, немање транспарентност во објавата и реализацијата на планот за јавни набавки, немање јасни показатели за задолженоста и за трансферите кон други јавни претпријатија (ПОЦ), немање податоци ниту волја за одговорно родово буџетирање, слаби анализи за исплатливост.


Нашите заложби се:


 

Транспарентен и партиципативен буџет на општината

  • Споделување на сите финансиски документи во формат на отворени податоци, а не како слики и ПДФ-документи, наменско користење на средствата со увид во планираните расходи од програмирањето, преку сите промени и ребаланси достапни во формат за анализа/отворени податоци,
  • редовно објавување информации за трошењата од општинскиот буџет во отворен формат и на разбирлив начин за граѓаните, особено за темите/областите што се од покажан интерес на граѓаните,
  • ажурирање на апликацијата за буџет http://mojbudzet.centar.gov.mk/, како и редовно ажурирање на финансиските индикатори од http://indikatori.opstinskisoveti.mk/Home/Index,
  • вистинска, а не фиктивна партиципативна демократија и учество во креирањето на програмите за развој на општината, со користење на апликацијата http://mojbudzet.centar.gov.mk/,
  • враќање на укинатите процеси за донесување на буџетот во три фази: предлог-програми, нацрт-буџет, форумски сесии онлајн и во живо пред усвојувањето од Советот. Опција за амандмански предлози за промени на нацрт и предлог-буџетот со поднесување преку http://mojbudzet.centar.gov.mk/,
  • редовно организирање форуми во заедницата за дискусија за програмите и буџетски форуми, заради активно вклучување на граѓаните во планските процеси.


Одговорно трошење на јавните пари 

  • Изработка на единечна пресметка на цени за комунални дејности, во секоја област, и тоа: од проектирање инфраструктура, изведба, проектирање, изградба и одржување на зеленило, на детски игралишта, на рекреативни отворени површини, на јавни површини, на тротоари итн.,
  • дефинирани посебни услови во кои општина Центар ќе може да набавува без претходно објавен оглас, во консултација со внатрешната ревизија во општината заради намалување на злоупотребите од набавката, 
  • ќе се зголеми соработката со организациите што работат во областа на јавните финансии и набавки со цел рано предупредување и советување, како и со институциите што спречуваат корупција,

 

Приходите со користење нови извори на средства, а без неповратно губење на ресурсите 

  • задржување на земјиштето во сопственост на општината/државата,
  • апсорпција на средства од фондови и грантови достапни за општините,
  • зајакнати самофинансирачки активности,
  • поврзаност на планирањето со базите за наплата на даноци на имот.


Очекуваните придобивки се:


 

Буџет планиран со и за граѓанските потреби, одговорно и отчетно трошење на парите на граѓаните

  • Одговорно и демократско финансиско работење и планирање на буџетот,
  • транспарентност и отчетност во планирањето на средствата на општината според приоритетите и потребите на граѓаните,
  • вистинска партиципативна демократија,
  • домаќинско трошење на парите на жителите на општината,
  • приоритетите на граѓаните ќе станат дел од приоритетите во програмите на општината. Преку транспарентно и заедничко креирање на буџетот, граѓаните стануваат свесни за тоа како општината работи и ги гради своите буџети, се зголемува заедничката сопственост и се вклучуваат жителите во процесот на донесување одлуки на локално ниво со цел подобрување на локалната одговорност, квалитетот на локалните услуги и квалитетот на животот,
  • зголемена отчетност на локалните власти кон заедницата, мониторинг на практиките на локалните власти, што укажува на поголема одговорност во распределувањето на ресурсите и услугите, откривање на проблемите на управувањето на јавните финансии и има потенцијал да ја намали корупцијата и грешките во управувањето на локално ниво,
  • изработка на анализи за исплатливоста на капиталните проекти,
  • квалитетни податоци како основа за родово одговорно буџетирање.


Зголемување на приходите со користење нови извори на средства, а зачувување на ресурсите и земјиштето 

  • Одлуки на Советот за продажба на земјиште, легализација итн. со 
  • зајакнати капацитети за самофинансирачки приходи, грантови и планирање на приходи од даноци,
  • подобрена ефикасност на работата на општинската организација.

Препознаените предизвици во областа се:


 

Немање визија за иден просторен развој, слаба координираност со надлежните за урбанистичкото планирање од повисок ранг (Град Скопје, надлежното министерство), слаба вклученост на граѓаните и заинтересираните чинители во процесот на донесување на урбанистичките планови, недостиг од јавно достапни информации и плански документи, немање јавен увид во издадените одобренија за градба, некоординираност помеѓу секторите и одделенијата што ги имаат информациите што се потребни за изработка на урбанистичките планови и проекти.

Понудените плански решенија во ДУП-овите и техничката опременост се на исклучително ниско ниво. Најчесто единствениот задоволен аспект е „што повеќе изградба“, при тоа не е водено сметка за основните критериуми за квалитетен живот, кои иако се дури и законски пропишани, се третираат како неважни (густини, снабденост со придружни содржини, заштита на културното наследство, заштита од природни и создадени катастрофи, отстранување физички бариери и др.). Неодговорно искористување на земјиштето како ненадоместлив ресурс и негово зафаќање претежно со градби, без притоа да се води сметка за социјалниот и еколошкиот аспект на развојот и справувањето со климатските промени (потреба од јавни и зелени градски простори, обезбедување услови за справување со комуналните проблеми, ублажување на поројните дождови, обезбедување биодиверзитет и сл.). При планирањето на типологијата на градските блокови и објекти не се води сметка за идната потреба од користење дополнителна енергија за греење и ладење, снабдување со вода, движење на лифтовите и сл.

Подрачјето на општина Центар со галопирачка брзина го губи својот карактеристичен и особено препознатлив дух на местото, како во однос на физичката структура, така и мемориско-културолошката, кој за жал од година во година се нарушува и не обезбедува континуитет и зачувување на неговите трајни вредности. Урбанистичкото планирање и самата изградба не обезбедуваат доволно услови за поддржување ниту на уметноста и архитектурата, како ни на креативноста во смисла на простори за креирање, убави катчиња, културна забава за сите возрасни групи.


Нашите заложби се: 


 

Визија за одржлив урбан развој

  • Урбанистичкото планирање да се базира на релевантни и валидни податоци и информации, со кои се има јасна претстава и увид за состојбата, во просторна, но и економска, еколошка, социолошка смисла, како основа за предлагање и донесување одлуки за развој на просторот.
  • Креирање визија за просторен развој имајќи ги предвид вредностите, значењето и спецификите на подрачјето и физичката структура на општина Центар, како срце на градот и на државата, со јасно дефинирање на целите и изработка на стратегија за насочување на развојот и понатаму изработка на урбанистички планови.
  • Зајакната вклученост при изработката на новиот Генерален урбанистички план на град Скопје и обезбедување услови за вградување предлози и забелешки од одговорните и стручните лица од општината со вклученост на еминентни стручни лица и академската заедница од областа на урбанистичкото планирање и градежништвото. 
  • Зајакната координација и отворено споделување на потребните информации помеѓу секторите и одделенијата што ги имаат информациите што се потребни за изработка на урбанистичките планови и проекти. 
  • Одржливо урбанистичко планирање со фокус кон решавањето на проблемите со нееднаквоста, сиромаштијата и социјалната инклузија, како и пропорционален урбан раст, со почитување на човековите права, особено основното човеково право за домување и комунални сервиси, безбедност и спокојство. 


Транспарентно и партиципативно урбанистичко планирање

  • Граѓаните и сите заинтересирани чинители да бидат вклучени уште во самиот почеток и во сите фази на урбанистичкото планирање, и тоа: од моментот на креирање на развојните политики, преку одлуки за почнување на планирањето, самото подготвување и донесување на урбанистичките планови. 
  • Сите информации и подготвени развојни документи и урбанистички планови да се јавно достапни, во формати лесно достапни и разбирливи за пошироката јавност. Граѓаните имаат право да ги следат постапките, да имаат увид во изработката и, секако, во усвоените документи.
  • Достапност до информациите што се однесуваат на добиените одобренија и очекуваните активности на подрачјето на општината, како и информации за нивниот тек и времетраење. 


Квалитетот на животот на граѓаните и заедницата наспроти инвеститорскиот интерес

  • Рамномерен и балансиран развој на градските четврти во однос на изграденоста, обезбеденоста со комунална инфраструктура и придружни содржини. 
  • Домаќинско користење на земјиштето и обезбедување на неизградено земјиште за задоволување на потребите од зелени јавни површини, место за контејнери за отпад, игралишта, неизградени и непоплочени површини за впивање на вишокот вода од поројни дождови, справување со разни природни и создадени непогоди.
  • Планирање зелена инфраструктура и подобрување на животната средина и нејзиното зачувување и вклучена адаптација кон климатските промени. 
  • Планирање на типологии (блокови и објекти) што обезбедуваат помала потреба од енергија (греење и ладење, хидрофори, лифтови и сл.), со соодветна поставеност на објектите во однос на страните на светот, меѓусебна поставеност, големина и висината на објектите, однос кон околината, застапеност на зеленило и сл.
  • „Ослободување“ од автомобилите и планирање на простори и улици со доминација на пешаците и велосипедистите, и предност на јавниот транспорт.
  • Акцент на заштитата и безбедноста, за намалување на ризиците од човечки и материјални загуби, при планирањето и градењето. 


Зачувување на „духот на Центар“ и поттикнување на креативноста 

  • Заштита на „духот на местото“ со помирување на наследените просторни и културни вредности и зачувување на вредните симболични места и архитектонски објекти, со посветена и континуирана грижа за нив.
  • Обезбедување нови простори за креација и фаќање чекор со современите движења во уметноста и архитектурата, поттикнувајќи млади уметници и архитекти, од земјата и странство.
  • Распишување урбанистички и архитектонски конкурси за реконструкција и ревитализација на веќе изградените градски четврти и поголеми архитектонски комплекси, како и за сѐ уште неизградените и нереализираните, а значајни простори на подрачјето на општина Центар. 


Очекуваните придобивки се:


 

Развој базиран на одржливи политики и квалитетни урбанистички планови

  • Визија за просторен развој, изработена според современите принципи за урбан развој со баланс на економските, социјалните и еколошките аспекти, која ќе биде развоен документ со кој општината ќе се вклучи во подготвувањето на новиот ГУП за Скопје 2022-2032, а изработката на идните детални урбанистички планови ќе се базира на плански програми што ја имаат предвид сеопфатната урбана политика на целото подрачје на општината и градот. 
  • Детални урбанистички планови што ќе бидат изработени со вклученост на граѓаните и на сите релевантни чинители уште во првиот чекор на нивната изработка, применувајќи најсовремени алатки и методи на партиципативно планирање. 
  • Едноставна и сеопфатна достапност до сите детални урбанистички планови и други видови технички документи, како основа за транспарентно и навремено информирање, како и можност за планирање и донесување одлуки што да се очекува во иднина во просторот во кој се живее, каде би се живеело, каде би се инвестирало, каде би се очекувале нови сервиси и услуги и сл. 
  • Увид во изградбата во блиска иднина и очекувани активности што можат да ги променат условите во кои тековно се живее.
  • Изработка на квалитетни и сеопфатни урбанистички планови и проекти во кои ќе бидат вклучени сите информации од сите сектори и ќе содржат валидни и проверени податоци. 


Градски простор по мерка на жителите

  • Избалансиран развој, односно „стабилизирање/консолидирање“ на градски четврти што веќе се целосно изградени, а градење во оние градски четврти во кои има стагнација и лоша физичка кондиција на просторот.
  • Секое соседство да е обезбедено со сѐ што им треба на граѓаните: живеење, снабдување и услужување, згрижување и образование, култура, рекреација и спортување, одморање и дружење, фрлање отпад, паркирање, шетање миленичиња и сл. (сѐ што ни треба е на 5-10-15 минути или 200-400-800 м).
  • Градски простор што ќе понуди квалитет наместо квантитет, со содржини и атрактивност за секој граѓанин и корисник на просторот.
  • Зголемена безбедност за објектите во кои се живее и се престојува, како и за отворените јавни простори, со лесна достапност за противпожарни и амбулантни возила.
  • Олеснето и безбедно движење низ градскиот простор, со приоритет на пешаците и велосипедистите, а потоа јавниот транспорт и автомобилите, со отстранување на сите физички бариери што му пречат на безбедното движење на секој човек. 


Зачувување и зајакнување на имиџот на Центар

  • Препознатливост на целата општина Центар како посебен градски простор, но и поддржани специфики на секое маало, со зачувување на автентичноста, но и креирање нови културни и просторни вредности. 
  • Простор за креирање и одржување уметнички и културни настани и збогатување на понудата за пријатен престој за граѓаните, корисниците и посетителите.

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 


 

Слабо интегрирано планирање без поврзување на урбанистичките планови и претпоставениот прираст на населението со капацитетот и идната оптовареност на училиштата и градинките. Слаба реонизација без почитување на сообраќајната безбедност и без квалитетни податоци за бројот на населението. Нефлексибилен начин на примена на реонизацијата во училиштата и градинките. Неверодостојни извештаи од основните училишта и градинките, слаби или никакви индикатори за образовните, финансиските или инфраструктурните параметри во основните училишта и градинките, лошо известување за инклузивноста и интеркултурализмот, како и за постигнувањата на децата, особено во основните училишта. Немање рамномерен, ниту индивидуален пристап кон решавањето на утврдените потреби, фаворизирање едни училишта, заборавајќи на потребите на другите. Недостиг од дидактички средства во училиштата (не само компјутери, туку микроскопи, карти, сетови за експерименти по хемија, физика, квалитетна интернет-врска, како особено важна при онлајн-настава и сл.) – во соодветен број за реално да може да се одржат часовите. Социјалната инклузија е на ниско ниво, без веродостојни податоци за потребниот број деца што треба да се вклучат (деца во ризик од сиромаштија, мали етнички заедници – Роми итн.). Слаби управувања со средствата од издавање простор во училиштето. Слаби училишни одбори (слаба независност). Евалуација на задоволството на квалитетот на образовните услуги не постои, недоволно се вклучени и родителите и децата, а училишниот парламент постои единствено и само на хартија. Хигиенските и безбедносните услови во училиштата во Центар се недоволни, а транспортот за екскурзии се прави без безбедносна компонента на автобусите (појаси за децата). КК Работнички без надомест ги користи спортските сали, со што зафаќа термини за други спортови, но и го оштетува буџетот за самофинансирање на училиштата. Безбедноста и мерките за заштита и спасување во и околу училиштата и градинките се на ниско ниво, а паркирањето во училишните објекти е дополнителна опасност. Нема доволно спортски клубови во училиштата како дел од воншколските активности што ги обезбедуваат училиштата.

Организирање простори што може да ги користат тинејџерите.
Организирање простори што може да ги користат постарите лица за дружба, корисни предавања, искористување на нивните знаења и искуство.

Граѓаните бараат јавни податоци за квалитетот на работата на образовните институции во општината. Вклученоста на родителите и учениците во самоевалуацијата е на ниско ниво, скоро минорно, и не може да биде реален приказ за задоволството од образовните услуги.


Нашите заложби се: 



Еднакви можности за секое дете

  • достапни, инклузивни и пристапни јавни уредени зелени површини, игралишта, градинки и училишта за сите деца во Центар


Заштита на детските права, нивната безбедност и правилен развој 

  • Пристапност до ресурсите за образованието во сите училишта 
  • Програми иницирани за современи и граѓански вредности 
  • Подобрена здравствена и физичка заштита темелена на реални показатели од анализите на контролни/систематски прегледи
  • Заштита од насилство во и надвор од објектите
  • Сообраќајна безбедност димензионирана кон потребите на најранливите
  • Безбедносните мерки и инфраструктурните проблеми да се третираат со сериозност


Поддршка за вклученост на сите деца во образованието 

  • Рамномерност во инвестициите и опремувањата на училиштата
  • Социјално мапирање за комплетна социјална инклузија – ниедно дете во ризик не смее да остане исклучено


Планирање на капацитетите согласно со потребите на жителите

  • Капацитетите на градинките и училиштата мора да се соодветни на потребите, па планирањето на просторот ќе ги вклучи и потребите за квалитетна образовна и социјална инфраструктура 
  • Запирање на постапките за дозвола за упис во градинките над пропишаниот капацитет. За оптоварените училишта, проверка на запишаните деца според регионот на припадност, а флексибилност во запишувањето при постоење на слободни места во училиштата и градинките
  • Иницирање меѓуопштинска соработка со оние општини што имаат значителен дел деца што се запишани во општина Центар 


Евалуација на образовните и згрижувачките услуги

  • Анкетирање и проверка на состојбите во сите училишта индивидуално (или организирање средби со советите на родителите и децата) 
  • Реални параметри за евалуација на квалитетот и за доделување награди на наставниот кадар и стимулација, како и размена на искуства и добри пракси 


Одговорно финансиско работење 

  • Квалитетни анализи на извештаите за приливните средства, самофинансирачките активности, донациите од родители или правни лица 
  • Квалитетна анализа на трошоците и планирање на буџетите
  • Одговорно и рамноправно располагање со ресурсите на училиштата
  • Секое искористување училиштен простор мора да придонесе за квалитетот на образовните услуги и не смее да биде злоупотребено


Одговорен, отчетен и независен општински образовен инспектор 

  • Општински инспектор за образование што совесно и сериозно ќе ја исполнува својата надлежност


Зајакнати независни училишни одбори, совети на родители и претставници во институциите

  • Обезбедување материјално-финансиски средства за училиштата за дидактички материјал и ИТ, како дополна на нивните сопствени приходи
  • Зајакнати и независни училишни одбори

Очекуваните придобивки се: 


 

Задоволни граѓани, вклучени родители и ученици преку заедничко планирање во подготовката на плановите за развој, управување и активизам во образованието. 


„Општина Центар ја обезбедува иднината на своите ученици преку квалитетен и современ воспитно-образовен процес“ – усвоено во 2016.

Подигнување на квалитетот на образовните услуги и услугите за грижа за децата во периодот на ран детски развој и предучилишно воспитување.

Нови ИТ-механизми и процедури за комуникација и вклучување на граѓаните во планирањето и развојот на образованието. 

Подигање на капацитетите на сите чинители и подобрена соработка, како и мониторинг меѓу Општината и училиштата и градинките, со реални параметри и показатели. Континуирана едукација, стручно усовршување и мотивација на кадарот, унапредување на соработката со граѓанскиот сектор. 

Подобрено управување со финансиите: квалитетно распределен дел од општинскиот буџет наменет за развојни активности во грижата и образованието; oбезбедување на потребните дидактички средства во училиштата; зголемување на самофинансирањето, како и на други извори на средства за финансирање на областа образование, подобрено финансиско известување и планирање. Неселективен однос на општината кон училиштата и градинките, а соодветен на индивидуалните и специфични потреби.

Подобрен квалитет во програмите за воннаставни активности, екскурзии и настава во природа.


Еднакви можности за сите деца

Реална социјална мапа и идентификување на секое дете во ризик за обезбедување соодветна грижа, вклученост и сервиси.

Социјална правда и инклузија на ниво на целата Општина Центар.


Интегрирано планирање според потребите на децата

Капацитети според реалните потреби.

Зголемена безбедност на децата во училиштето и градинките, на пат кон и од училиштата и градинките, како и во текот на екскурзиите. Здрава и безбедна исхрана и обезбедување оброк на сите деца во ризик.

Партиципативност и социјална емпатија кон граѓаните, работа со директно вклучување во процесите, при донесувањето одлуки, и стимулирање дека секој е и дел од решението.

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 


 

Тешка достапност на услугите од општината за граѓаните и бизнисите. Незадоволство од неквалитетното вршење на услугите, кое е подложно на секакви влијанија.

Несоодветна промоција за развој на бизниси на територијата на Општината.

Никаква објава на податоци за бројот на донесените странски инвеститори, бројот на отворените компании, бројот на отворените локали и сл., кои би биле параметар за следење на успешноста.

Слаба организација на јавниот простор понуден за деловна намена, без грижа за последиците кон жителите, ниту кон животната средина. 

Никаква анализа за потребите на жителите за соодветни деловни намени во населбите, за сервисите да се нудат во достапен простор за пешачење. Дополнително, дозволување на деловни субјекти од иста област во низа, без распределба на намените согласно со потребите.

Низок степен на поддршка за претприемништвото, иновациите и новите стартап-компании. Никаков споделен простор за работа.

Економските оператори во општината работат на застарен високозагадувачки начин. Од нив не се бара никаков придонес во заштитата на животната средина.

Нејасно управување со добрата што ги поседува или ѝ се дадени на управување на општината: земјиште, објекти, простори, опрема и сл.

 

Нашите заложби се: 


 

Фер-пристап до ресурсите и намалување на комплексните регулативи и процедури

  • Побрзи, поевтини, подостапни услуги. Намалување на можноста за грешки со автоматизираност на процесите и базирање на одлуките на анализи и податоци. Намалување на можноста за корупција поради намалување на човечкото влијание врз процесите. 


Дигитализација и отворени податоци за зголемување на економскиот потенцијал

  • Дигитализација на што повеќе од општинските услуги и за физички и за правни лица.
  • Отворени податоци од општината, како можност за развој на апликации и решенија од приватниот сектор или ИТ-ентузијасти. 


Интегрирано планирање на ЛЕР во урбанистичките планови и плановите за заштита на животната средина

  • Промоција на потенцијалните развојни бизниси согласно со урбанистичките планови (и ГУП и ДУП), како и интегрирано планирање на просторот со локалниот развој на економијата. Обезбедување и транспарентно објавување метрички податоци со цел одржлив развој на економијата во Општината.
  • Субвенции/општинска поддршка за фирми што ќе се поврзат во „локална циркуларна економија“. Поврзување не само во рамките на една општина, туку на повеќе општини.
  • Управување со имотот и опремата во сопственост или дадена на користење на општината и домаќинско управување со нив. 


Промоција на креативни и иновативни стартапи, на самовработувања и СМЕа на ниво на општина

  • Искористување на напуштени или запуштени отворени или затворени простори во сопственост на општината, државата, за потенцијални креативни претприемачи.

Очекуваните придобивки се:


 

Задоволна бизнис-заедница и зголемена понуда на креативни и иновативни решенија

  • Побрзи, поевтини, подостапни услуги, и одлуки базирани на анализа на податоци за потребите на жителите, можноста на просторот, интегрирано при носењето нови урбанистички планови и построго дефинирање на деловните намени на објектите. 
  • Стимулација на иновативни бизниси, стартапи, со решенија од полза на жителите на Центар, а базирани на отворени податоци.
  • Задоволни деловни субјекти и однос со заедницата.


Зголемен општински буџет од даноци на приход – финансиски придобивки и за бизнисот и за сите граѓани

  • Зголемување на учеството во буџетот на општината што се генерира како % од остварување на ДДВ, но и персонален данок на доход од индивидуални занаетчиски активности, ракотворби и уметнички дела.


Интегрално и стратегиско планирање на просторот

  • Регулирањето на имотното/корисничко право и јасната слика за вкупниот имот на ОЦ ќе дадат основа за изработка на стратегиски планови и проекти, како и управување со нив во корист на економскиот развој на општината и просторното планирање и на јавното добро во корист на сите граѓани – обнова на запуштените и неискористени простори и нивна пренамена во центри на ЛЕР.
  • Циркуларната економија подразбира искористување на отпадот од една фирма/гранка како ресурс од страна на друга фирма/гранка. На овој начин ќе се намали загадувањето, а ќе се поттикне соработка меѓу фирмите.

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 


 

Планската документација за заштита и спасување, процената на загрозеност од природни и други несреќи и планот за заштита и спасување не се ажурираат редовно, што придонесува кон донесување одлуки и имплементирање мерки што не соодветствуваат со реалната состојба и новите ризици.

И пред пандемијата на ковид-19 и онлајн-наставата, но и сега, учениците и децата во градинките немаат континуитет во едукацијата за намалување на ризикот од катастрофи и ја зголемуваат својата ранливост кон нив. Евакуационите планови не се јасни за учениците, а мерењето време за евакуација и локација на безбедни места никаде не се објавува.

Слаб капацитет за противпожарната заштита и подигање на свеста за солидарност и одговорност.

И покрај големиот број истражувања и анализи за опасностите од ерозии и лизгање на терените при изградба на Водно, недостига сериозност при донесувањето на одлуките.

Ниско ниво на информираност и вештини кај жителите на општина Центар во справувањето со кризни ситуации.

 

Нашите заложби се: 


 

Ажурирана планска документација за заштита и спасување 

Ажурирана планска документација за заштита и спасување за подобрена заштита и спасување на подрачјето на општината, особено со стручен преглед на одобренијата од ДЗС на секој урбанистички план.

Планската документација мора да вклучува и проценки на ризици од сите природни катастрофи, но особено од порои, ерозии и свлечиште.

 

Мапирање на реална проценка на безбедноста на ниво на општина Центар

Проценка на пристапноста на противпожарните возила до сите објекти во општината и спроведување мерки за намалување на ризиците.

Темелно дефинирање на параметрите за технички прием, а кои се однесуваат на противпожарната заштита, како и исправност на заштитната опрема. Ова да биде обврска на инспекторите за домување на Општината.

Проценки на ризиците од сите природни катастрофи, но особено од порои, ерозии и свлечиште.

 

Солидарност и доброволни противпожарни друштва формирани и поддржани од општината

Формирање доброволно противпожарно друштво во соработка со Противпожарната бригада Скопје, Центарот за управување со кризи, Црвениот крст, странските донатори како австриската и словенечката амбасада, за поддршка околу опремување и обука на 50 до 100 жители на Центар што би биле дел од оваа единица. Друштвото ќе функционира како резервно надополнување на скопските професионални пожарникари во летните периоди и како резерва што би се ангажирала при големи шумски пожари во земјата. Општината да биде одговорна за нивното опремување со лична опрема и постојана дообука по пример и по можност со сродните доброволни друштва од Австрија и Словенија што летово гасеа пожари во Македонија.

 

Едукација и подигање на свеста за ризици и катастрофи

Формирање центар за едукација за природни катастрофи и непогоди. По напуштањето на социјалистичкиот систем на СВОЗ, населението практично не знае како да се однесува и како да помогне при различни природни катастрофи, кои, како што се предвидува, со климатските промени ќе стануваат сѐ почести. Центарот би имал задача годишно да организира повеќе обуки што ќе бидат отворени за сите жители на Општината, но и градот Скопје, на кои стручни лица од Противпожарната бригада, ЦУК, АРМ, полицијата, Црвениот крст и странски експерти ќе ги подготвуваат граѓаните како да се однесуваат и што треба да прават во случај на поплави, земјотреси, пожари, лизгање на земјиште, прва помош на повредени.

Преиспитување на одлуките за дозволи за градба во планот Ј07 – Водно и Капиштец, како и Тасино Чешмиче, особено промените на висинските коти третирани како технички грешки.

 

Очекуваните придобивки се:


 

Зголемена безбедност, информираност, едуцираност и вклученост на граѓаните во заштитата и спасувањето од природни катастрофи и климатски промени.

Доброволно противпожарно друштво.

Центар за едукација за природни катастрофи и непогоди.

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 


 

Нерамномерна, но и недоволна обезбеденост со комунална инфраструктура во сите градски четврти. Слабо планирање на буџетот во програмите и немање споредливи индикатори за оценка на квалитетот и цената на набавките. Непостоење на реални индикатори за мерење на развојот и слаби извештаи за остваруваните резултати, често неразбирливи и нечитливи. Немање доволно насоки од деталните урбанистички планови за капацитетите и точна поставеност и опременост со потребната инфраструктура, како и недоволно квалитетна техничка документација за изведба. Некоординирано поставување и одржување, кое предизвикува често прекопување, дури и на исти улици и градски површини во краток рок и за секоја инсталација одделно. Нерамномерна опременост со улично осветлување, но често и несоодветно и скапо. Несоодветни решенија за справување со комуналниот и другиот вид отпад што го создаваат жителите, но и другите корисници (деловни, угостителски, трговски субјекти и сл.). Недоволно одржување на јавната чистота без употреба на технички средства и слаба координираност. Приватизација на пазарите и нивно исчезнување на подрачјето на општината, но и форсирање на затворени пазари и пренамена на нивните локации. Стихијно уредување на улиците и нивно асфалтирање, без грижа за другите елементи: тротоари, дрвореди, осветлување и друга урбана опрема. Неуспешно справување со паркирањето и окупирањето на јавните површини, со закана за безбедноста на граѓаните, особено децата, постарите лица и лицата со тешкотии во движењето. Несоодветна грижа за постојните, но и необезбедување нови, отворени јавни и зелени површини. Скапи инвестиции во подигањето, со никаков план за понатамошно одржување. Реката Вардар и другите водотеци (канали и сл.) не се третирани соодветно и најчесто се запуштени и окупирани со разни инсталации и опрема. 


 Нашите заложби се: 


 

Еднаков пристап до комуналната инфраструктура, супраструктура и опрема

Евидентирање на постоечката инфраструктура на целото подрачје на општината, со податоци за состојбата, капацитетот, опременоста и потребата од замена, употребувајќи ИТ и ГИС за собирање и управување со податоците и процесите.

Посоодветно планирање на комуналната инфраструктура и супраструктура, како и координација со деталните урбанистички планови, со размена на податоци и информации за тековната состојба и преземените акции.

Квалитетни проекти и изведба на комуналната инфраструктура (сите видови инсталации) и супраструктура (улици, паркинзи, пазари, игралишта, плоштади, паркови, водотеци и други јавни отворени простори) со приоретизирање на послабо опремените градски четврти, со план за нивно одржување.

Грижа за изборот на решенија и за економската исплатливост на решенијата, за намалување на трошоците за изведба, но и понатамошно одржување.

Посоодветно избирање и уредување на локациите за фрлање комунален и друг отпад, со лесна пристапност и достапност на 200 м, за секој корисник, но и соодветен капацитет според утврдените потреби.

 

Квалитетни и слободни јавни отворени и зелени простори

Поангажирано следење на состојбата со јавните отворени и зелени простори (лоцираност, капацитет, активности, корисници), со употреба на ГИС-алатки и ИТ за информираност на граѓаните. 

Користење детектирани површини во сопственост на општината или државата, за уредување на нови маалски, но и реонски јавни отворени и зелени простори, игралишта, паркиралишта и сл., со достапност на 200-400-800 м, или 5-10-15 минути. 

Збогатување на понудата на зелени пазари, со зачувување на традиционалните (Зелен пазар, Пазарче Буњаковец и сл.), но и формирање нови, како и користење на праксата на затворање на еден дел од маалска улица за неколку часа поставување тезги и продажба на свежи земјоделски производи.

Обезбедување мали паркинг-површини, секаде каде што има парцели во сопственост на општината или државата, па дури и привремено користење на неизградени парцели.

Улици со елементи и опрема што обезбедуваат слободно и безбедно движење, и приоритет за пешаците и велосипедистите, со дрвореди за обезбедување пријатен амбиент.

 

Ефикасни и економски исплатливи решенија 

По принципот „трипати мери, еднаш сечи“ избор на квалитетни проекти и изведба, кои нема да го оптоварат општинскиот буџет, ќе користат економични, за некои елементи и рециклирани материјали и опрема.

„Учење од грешките“, односно изведени решенија што не се покажале економични и за кои е потребен скап систем на одржување, да не се повторуваат, и обратно, оние што се покажале подобри да се искористат и за следните акции.

Заштедата на енергија за осветлување, вода за полевање, работна сила и опрема за чистење да биде приоритет при одлуките како и што да се изведе и да се употребува. Да се бараат алтернативни одржливи решенија и да се користат локалните ресурси.

Да се искористат принципите на циркуларна економија: она што за некого е отпад за некого друг е ресурс. Еден материјал повеќекратно да влезе во процесот на употреба.

 

Очекуваните придобивки се:


 

Одржливи соседства

Самоодржливи и донекаде самодоволни соседства (маала, градски четврти) во кои оптимално се обезбедени сите потреби на граѓаните од комунална инфраструктура (вода, одведување отпадни води, одведување отпад, осветлување, греење, телекомуникации и сл.), со поголем процент на заштедата на ресурсите.

Намалување на потребата од нови ресурси и намалување на потрошувачката и на загубите.

 

Град пријатен за живеење

Намалување на конфликтите и на нефункционалноста во просторот.

Обезбедување подеднакви и квалитетни услови за сите, независно од потребите, возраста, материјалната и физичката способност.

Почиста животна средина, регулирано движење без конфликти, еднакви можности за сите и достапност до сите потребни услуги и сервиси.

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 


 

Густа изграденост без доволно зеленило

Подрачјето на општина Центар, како најгусто изградено во Скопје и во земјата, се соочува со сериозни проблеми на губење на зелените јавни простори, но и блоковското и дворното зеленило, а тоа што е останато, иако делумно реконструирано и рехабилитирано во неколку наврати, не се одржува. Под постојана закана се и некогаш големите зелени површини во дворовите на детските градинки и училишта, јавните објекти (библиотеки, факултети, театри, административни згради и сл.), како и уличното зеленило и дрвореди. Покажаното разбирање за потребите на господарот автомобил и постојаното проширување на коловозите, на сметка на тротоарите и околните зелени површини, доведува до „заробување“ на многу стари и квалитетни дрва и дрвореди, големи улични зеленила се ставени во „саксии“, а и се користат како паркиралишта. Јавното зеленило е сериозно намалено од интензивното градење и непочитување на законските услови, како и од институционалната негрижа, поради што граѓаните се соочени со бетонски „топлински“ острови и зеленило што се суши и изумира, а општината – со зголемени трошоци за негова замена.

Загадување на почвата, воздухот, водата, бучава, загадување од светлина и несоодветен третман со отпад

Не постои системско, планско, економично и стручно справување со предизвикот да се обезбеди што е можно почиста животна средина за граѓаните и да се намали загадувањето. Голема закана претставуваат сите видови загадување: почвата, воздухот, водата, бучавата, загадувањето од светлина и сл. Сѐ повеќе се „бетонизираат“, односно се запечатуваат преостанатите непокриени земјени површини, со што градот се „суши“ и не го апсорбира правот, а најчесто претставуваат и „топлински острови“. Реката Вардар одамна е исклучително валкана и загадена, а некогашните канали за прифаќање поројни води се затвораат во покриени канали и стануваат локална канализација. Граѓаните се изложени на музиката и вревата од кафулињата и ноќните барови, на вентилаторите од рестораните и дуќанчињата за храна. Не мал проблем е и градското осветлување (улично, од реклами, излози, билборди и др.), кое придонесува за ефект на „вечен ден“, а предизвикува сериозни здравствени проблеми. Загадувањето на воздухот е сериозен проблем за жителите, кој го менува начинот на живот во зимските месеци и придонесува за серија здравствени проблеми кај граѓаните од сите возрасти. Нашата општина како средишна точка во градот, во која се концентрирани и административните државни институции, секојдневно е посетена од многу граѓани од целата земја, како и од странски посетители, при што заедно со домаќинствата се создаваат големи количества отпад, со кои комуналните служби не се справуваат соодветно.  Просторот е „удавен“ во отпад од секаков вид, а тоа се должи на малиот број контејнери и нивната лоша позиционираност и недоволен капацитет, несоодветниот начин на собирање, недисциплината ниту кај жителите, ниту кај задолжените за собирање. Не е изграден систем за одвојување и реупотреба на отпадот, а на граѓаните не им е доволно јасно каде завршува отпадот, ни кога се трудат да го селектираат. Биодиверзитетот во ризик Биодиверзитетот е нешто за кое ниту се размислува, ниту се преземени какви било посериозни истражувања и акции, иако постарите жители паметат одредени видови флора и фауна што биле симбол на центарските населби. Во отсуство на посеопфатни анализи „штета-придобивка“, типичните видови за ова подрачје се во опасност од исчезнување или веќе се исчезнати (липите, анамската рака, јасминот, овошните дрва, ластовиците…), со што се губи квалитетот и меморијата на живеењето во Центар. Несвесност за климатските промени Разбирањето на климатските промени, што предизвикуваат тие и кои се ефектите од нив, е слаба алка во креирањето на политиките за заштита на животната средина. Постои сериозна промена на микроклимата и појава на екстремни непогоди: поројни дождови, силни ветрови – миниурагани, топлински острови, замрзнати дождови и сл., кои предизвикуваат сериозни штети и опасности врз човечките животи и материјалните добра. Енергетска ефикасност без систематски пристап Повеќето објекти во општина Центар се изградени пред повеќе децении и станарите и корисниците се соочуваат со потреба од санација и поголема енергетска ефикасност, и иако има финансиска поддршка и се освојуваат буџетски средства, сепак не постојат јасно поставени цели и некаков распоред и акциски план. Загадувањето на воздухот е сериозен проблем за жителите, кој го менува начинот на живот во зимските месеци и придонесува за серија здравствени проблеми кај граѓаните од сите возрасти.   

Нашите заложби се: 


 

Нови еколошки политики и вклученост на граѓаните

  • Обезбедување системско, планско, економично и стручно следење, креирање политики, планирање и управување со животната средина за подрачјето на општината.
  • Граѓаните навремено да бидат информирани и да имаат можност за увид во плановите за замена на исушените дрвја и можност директно да пријават „хазардни“, но и заробени дрвја. 
 

Заштита на постоечкото зеленило, постоечкиот неизграден општински имот и зголемување на површината, волуменот и квалитетот на зеленилото

  • Одбрана на зелените острови – оневозможување на градење на јавните парцели со зеленило.
  • Стручна грижа за зеленилото од стручни луѓе.   
  • Воведување стандарди за работа и „гаранција за зеленило“ од изведувачите.
  • Дооформување и збогатување на зелената инфраструктура (паркови, зелени плоштатки, дрвореди, зелени и зелено-сини коридори и др.) и подигнување на стандардот на зеленило м2/жител. Да се изработи план за подигање и развој на зеленилото како законска обврска, но и сериозна потреба. 
  • Зајакнување на одржувањето на зелените и слободните јавни простори, со градење сопствени капацитети и користење на партнерството со Град Скопје. Формирање, независно или во склоп на друга општинска единица, претпријатие или оддел, за раководење и одржување на постојните и подигање нови зелени површини. Воспоставување појасни релации за акции и одговорности со Градот и со ЈП Паркови и зеленило.
  • Заштита на секоја педа неизградено и запуштено земјиште во сопственост на општината и државата, но и отворање можност за откупување одредени површини од приватни сопственици (физички и правни лица), со правичен надоместок, за дооформување и изградба на нова зелена инфраструктура.
  • Зголемување на буџетските трошоци за ангажирање висококвалификуван стручен кадар и обука на вработените, подобрување на здравјето и отпорноста на дрвјата и вегетацијата.
  • Обезбедување гаранција за едногодишно преживување на новото зеленило и намалени трошоци за замена на исушените дрвја и растенија.    
  • Краткорочно зголемен трошок на општината за формирање и функционирање на стручна комисија за озеленување и долгорочни планови. Долгорочна заштеда на буџетски средства од формирање соодветни отпорни и здрави зелени појаси.
  • Решително и брзо изведување на активности за „ослободување“ на т.н. „заробени“ дрвја. Поради одолжување веќе се угинати голем број стебла, а состојбата постојано се влошува со сите останати, што негативно ќе влијае и на животната средина и на буџетот на општината поради потребата од садење нови дрвја.    
  • Директна врска со Град Скопје и Паркови и зеленило за опасните исушени дрвја.   
  • Едукација на заедницата за тоа зошто е важно зеленилото и нејзино вклучување во грижата за зеленилото. 
  • Во соработка со Град Скопје суштинско подобрување и проширување на Зелениот катастар.

Зелена поплава на бетонските острови – 0 толеранција за чист бетон

  • Сите паркинзи да бидат под дрвја, поставување ѕидови и столбови со зеленило на крстосници и улици и поврзување на зеленилото со „отворена земја“, наместо да биде одделено со бетон /асфалт, дрвореди покрај велосипедските патеки и улиците каде што ги нема, со што долгорочно се намалува потрошувачката на енергија, се штитат граѓаните од сончеви удари, се штити имотот/возилата на паркинзите, се чисти воздухот. 
  • Во соработка со Град Скопје отстранување на дел од билбордите од јавни простори и нивна замена со дрвја.

Покривни градини/зеленило

  • Правилник за задолжителни покривни градини/зеленило за комерцијални и големи станбени објекти. Експериментална микрошума и урбана градина.

Враќање на заборавените 20% зеленило

  • Изработка на нов правилник за добивање градежна дозвола, објектот покрај задолжителните 20% зеленило на парцелата, да има зеленило и на покривот, минимум 50%. Наместо зеленило, како алтернатива, може да се одобри поставување фотонапонска централа.      

Иновативни решенија

  • Да се истражат можностите за подигнување на т.н. густа микрошума според јапонски метод. Поставување урбана градина во основно училиште и градинка, со што малите бетонски површини се покриваат со ефективно зеленило и се поддржува биодиверзитетот во урбаните средини. Контрола на исполнувањето на законскиот минимум од 20% зеленило на секоја градежна парцела покрај новите објекти и допрецизирање да се однесува исклучиво на градежната парцела, гледано на површина на земја, односно на кота 0. 
  • Употреба на порозни материјали за површините што мора да бидат поплочени (јавни паркиралишта, патеки и улици, училишни дворови, спортски игралишта и др.), кои би ги ублажиле проблемите со одведувањето на водите и загадувањето на почвата и подземните води. 
  • Посебна грижа за реката Вардар како зелено-син коридор, како и за останатите водени текови, како потенцијално нови зелени коридори.

Имаме и штедиме вода

  • Капка по капка за секое дрво
  • Обновување, одржување, дополнување и покривање на јавното зеленило со автоматизиран систем за наводнување капка по капка, со што се одржува здравјето на зеленилото и се штедат вода и пари на општината.    
  • Технички, треба да има техничка вода
  • Воведување на наводнување на јавни површини со техничка вода наместо со питка вода секаде каде што има пристап за тоа. Со тоа се штеди и рационално се користи водата за пиење.    
  • И дождот е вода
  • Поставување резервоари за собирање дождовница во средините што се надвор од опфатот на системи за наводнување на јавното зеленило. Со тоа се овозможува пристап и рационално користење на достапната вода и се штеди водата за пиење.    
  • Се гледаме на чешмичка   
  • Редовно одржување и калибрирање на функционалните јавни чешми низ општината. Трансформација на сите чешмички во чешмички со копче и воведување посебен дел со резервоар за миленичиња, со што се штеди вода и се придонесува за здравјето на граѓаните во летните месеци.    
  • Напред, доброволци
  • Формирање и ангажирање доброволни групи на жители и извидничките одреди за итно рачно наводнување на зеленилото во случаи на подолги сушни периоди и рестрикции на вода. Општината би имала трошок да обезбеди рачни канистри и пумпи за вода за доброволните групи/извидници, со конкретни нивни задолженија за одредени потези на јавно зеленило, но граѓаните учествуваат во заштитата на зеленилото од топлински шокови и суши, со што се продолжува нивниот живот.

Помалку да чадиме 

  • Јагленот и мазутот во пензија: субвенционирана замена на системите за греење на сите домаќинства што се греат на јаглен, мазут и екстралесно гориво со системи на други, поеколошки горива. Општината ќе има зголемен трошок поради субвенциите, но ќе се ослободи од значаен удел од загадувањето од домаќинствата.   
  • Градско парно за студентскиот дом Кузман и Заводот на рехабилитација: координација на општината со Министерството за образование за итно поврзување на објектот на Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ – Скопје на централното топловодно греење. Координација на Општина Центар со Министерството за здравство за итно отстранување на мазутот како извор на енергија за греење на објектот на Институтот за физикална терапија и рехабилитација во Капиштец.   
  • Позагаден воздух = поскап паркинг: зголемување на цената за паркинг во општината во периоди со зголемено загадување, со што ќе се влијае на граѓаните да користат јавен превоз или велосипеди и тротинети со цел да се намали сообраќајот во центарот и уделот на загадувањето од возилата.

Римјаните го фрлале на улица, ние можеме да го селектираме 

  • Сертифициран управител со отпад во општината: воведување позиција во Општина Центар на сертифициран управител со отпад. Сето подолу наведено, или барем поголемиот број точки, би биле негова/нејзина одговорност со спроведување соодветни мерки, со што ќе се подобри системот на собирање.
  • Многу повеќе канти за селекција: воспоставување систем за примарна селекција на отпад (пластика, стакло, лименки, хартија) пред зградите и куќите со поставување на многу повеќе садови за различни видови отпад и соработка со лиценцирани фирми за собирање и транспорт на соодветниот тип отпад до откупувачите на отпад.
  • Органското за компост: воспоставување систем за селекција на органски отпад од градините и јавното зеленило, домаќинствата, бизнисите и јавните установи во ОЦ, со што се намалуваат емисиите на стакленички гасови од разградување на органскиот отпад и намалување на количеството на создадениот отпад што завршува на депонија и користење на компостот како ѓубриво за јавното зеленило. 
 
    • Најави градежен шут со апликација: создавање електронска апликација за пријавување, подигнување, транспорт до депонија на градежен шут од реновирање домови и наплата на услугата, што ќе придонесе за намалување на дивите депонии и ќе донесе приходи за комуналното претпријатие. Воедно, за ова треба да се зголеми и надзорот при изградбата и реконструкцијата на објекти за соодветно справување со отпадот. 
   

Сушење на изворот на отпадот 

  • Втор живот за стариот мебел: организирање гаражна распродажба два пати годишно. Кампања за отстранување на непотребните, а функционални работи од домаќинствата на начин што не ги оптоварува депониите и не се создаваат непотребни количества отпад.
 
  • Кесата може да биде и од платно и од хартија: некористење пластични кеси. Континуирана кампања за подигнување на јавната свест за штетноста на пластичните кеси врз животната средина. Кампањата воедно ќе опфаќа информации за предноста од користењето кеси за повеќекратна употреба и платнени торбички.
 
  • Награди за продавниците без амбалажа: промоција и поддршка на продавниците и малите бизниси што продаваат производи на рефус, односно во кои купувачите треба самите да си донесат амбалажа.
 
  • Oтпадот од маркетите, рестораните/кафулињата да не се меша со домаќинскиот, секој го решава својот отпад: воспоставување траен систем за примарна селекција и соодветно фрлање отпад од страна на маркетите, кафулињата, рестораните и други трговци со поголем обем на хартиен, пластичен и друг отпад подложен на рециклирање. Забрана за мешање на нивниот отпад со отпадот од домаќинствата.
  • Ало, општина? Комшијата фрла ѓубре од прозор: воспоставување тел. број за пријавување непрописно фрлање отпад од страна на граѓани. Зголемен инспекциски надзор за начинот на фрлање на отпадот од трговците и соодветно санкционирање на оние што не постапуваат согласно со законот.
 
  • Општина без азбест: програма за отстранување на азбестните покриви. Воведување субвенции за замена на азбестните покриви. Инспекциски надзор за правилно отстранување и депонирање на азбестните материјали.   
    • Патот на отпадот: едукација на населението од сите генерации (со потенцирање на генерацијата на предучилишна и училишна возраст) за важноста на соодветното селектирање и фрлање на отпадот. 
   

Не те слушам!

  • Откривање на најбучните локации: акционен план за оценување и управување со бучавата во општина Центар. Со планот ќе се детектираат и ќе се мапираат местата со највисока бучава, а од друга страна ќе се мапираат и „тивките“ зони. Елаборатите за животна средина на сите деловни објекти ќе мора да ги имаат сите извори на звучно загадување.
 
  • Уреди за мерење и инспекција: набавка на инструменти за мерење на бучавата, сензори и детектори што мерат далечински и континуирано. Воведување служби што ќе работат од петок попладне до недела наутро и редовно ќе контролираат дали објектите се придржуваат до законските одредби за нивото на бучавата (до воведување деперсонализиран инспектор-сензор).
 
  • Вегетација за звучна изолација: подигнување зелени ѕидови од растенија ползавци. Освен што се одлични прочистувачи на воздухот, тие се уште подобри звучни изолатори кон фреквентните улици и јавните простори со голема посетеност. 
    • Бариери за погони и уреди: звучни бариери од плексиглас и други порозни материјали онаму каде што е можно, за да се изолираат бучните машини, уреди, погони…
   

И животните се центарци 

  • Општината е дом не само на луѓето, туку и на животните. Грижата за бездомните животни, субвенционирањето на стерилизацијата и вдомувањето бездомни животни, поставувањето станици за хранење и стационар за повредени животни ќе придонесе за намалување на нивниот број по улиците, со што ќе се зголеми и нивната и безбедноста на граѓаните.
  • Обезбедувањето погодна вегетација за дивите животински видови ќе придонесе за зголемување на природната разноликост во општината, поздрава и бујна вегетација и пријатни катчиња за прошетки и престој и заштита на дивите видови, кои имаат важна природна улога во контролата на штетниците.
 

Очекуваните придобивки се:


 

Создавање зелен, чист и квалитетен градски простор, со доволен капацитет за задоволување на потребите на сите граѓани и корисници на просторот, но и удобен за сите посетители на градот

  • Преку високостручно редовно следење на состојбата и грижа, за кои ќе треба да се дообучат и надлежните сектори во општината, ќе се придонесе постоечкото зеленило да се поврзе и да се врати во подобра состојба, што ќе ги намали трошоците за негова замена, а новото зеленило да се развива плански со видови што се погодни за поднебјето. Изведувачите на зеленилото ќе мора да го гарантираат преживувањето на новата вегетација. 
  • Реката Вардар да го добие своето место како главна зелено-сина градска артерија, зелена, чиста, свежа и лесно достапна. Место за граѓаните и посетителите, но и место за пријатен живот на флората и фауната.
 

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 


 

  • Недостиг од стратегиски документи за сообраќајот, на ниво на скопскиот регион, на ниво на Град Скопје, но и никакви документи на општинско ниво
  • Неодржлив сообраќаен модел базиран примарно на индивидуален превоз со автомобил
  • Недостиг од податоци и анализи (за модална распределба, за бројот на јавните и приватните паркинг-места)
  • Непристапност на јавните површини за инвалидски и детски колички, за велосипеди и тротинети
  • Непостоење на план за велосипедска и пешачка мрежа на ниво на Општина Центар (ЛЕАП-от го предвидува тоа)
  • Немање евиденција за употребата, но и за изведбата на паркиралишта во новите објекти
  • Слаба контрола дали паркиралиштата се пренаменети во деловен простор или воопшто не се користат 
  • Се издаваат ПОЦ-картички со кои се зафаќа јавен простор. Бројот на картичките на ПОЦ е поголем од бројот на достапните паркинг-места. Картичките се издаваат без строги критериуми, не се проверува дали објектите каде што живеат жителите во проектот обезбедиле паркинг-места и дали се од периодот пред или по барањето да се обезбеди паркинг во своја парцела
  • Емисии од возила поради застои, немање систем за анализа на интензитетот на сообраќајот усогласен со капацитетот на сообраќајниците
  • Проектите не се базираат на докази, точни податоци за состојбата на терен, анализи и извлекување поуки од други студии (пр. кај Орце Николов: не се земени предвид позициите на дрвјата, позициите на скалниците од објектите, се користат темни плочки, наспроти студиите за топлински острови итн.)
  • Небезбедност на немоторизираните учесници во сообраќајот
  • Висок степен на бучава што произлегува од интензитетот на моторниот сообраќај, но и нагли забрзувања / забавувања
  • Ранливите учесници (децата, повозрасните граѓани, лицата со хендикеп) се оневозможени независно да се движат низ општината
  • Узурпирани тротоари од возила и несоодветно поставена урбана опрема
  • Ниски стандарди за тротоари во урбанистичките планови (додека Ленинова и Орце имаат тротоари од по 6-7 метри), тротоарите во Треска, во Маџир Маало, Крњево, во важечките планови се планирани со широчина 1,5-2м.
  • Проблем со паркирањето велосипеди во јавен простор (недоволен број држачи) и во објекти (паркирање во влезови, во станови, на тераси)
  • Слаба соработка со сообраќајната полиција и со Град Скопје за промена на режимите и за зголемена безбедност на црните точки

 

Нашите заложби се: 


 

ВИЗИЈА 0

Бројот на сообраќајни незгоди да се намали со нови сообраќајни политики и одлуки. Крајната цел е во Центар да нема изгубен живот во сообраќајот, што може да се постигне со низа одлуки за приоритети и подобрувања на сегашните состојби на небезбедност, немање оптимизација, ниту анализа.

Декларација за хиерархија на учесниците во сообраќајот

Советот да усвои декларација за хиерархија на учесниците во сообраќајот при сообраќајно и урбанистичко планирање/проектирање со приоретизирање на просторот и потребите на пешаците, велосипедистите и јавниот транспорт за безбедност, погодност и комфорност (превртување на пирамидата). 

План за подобрување на пешачкиот и велосипедскиот сообраќај

Да се изработи план за подобрување на пешачкиот и велосипедскиот сообраќај во Општина Центар со план за проширување на пешачките зони, план за подобрување на пристапноста и безбедноста, план за велосипедска мрежа и паркинзи, подобрување на јавниот простор итн. 

Зона 30 на улиците во Центар

Да се прогласи целото централно подрачје (со исклучок на булеварите), поточно сите улици во надлежност на Општина Центар, за Зона 30, а некои делови (околу училишта и градинки, на улици каде што нема тротоари) и за Зона 20. 

Да се редизајнираат зоните околу училиштата и градинките со приоритет на безбедноста на децата.

Решавање на паркирањето

Мапирање на сите паркиралишта на отворено (ПОЦ, Градски паркинг, јавни и приватни катни гаражи, паркинзи во склоп на институции), но и на сите објекти со контрола дали изведбата одговара на одобрението за градење.

Дефинирање построги критериуми за добивање ПОЦ-картички, како во однос на податоците за објектот каде што домува жителот, така и во однос на поседување второ, трето возило итн.

Советот да се заложи за промена на регулативата, да биде можно да се санкционира нелегалното паркирање од комунални редари.

Аналитика за оптимизација на сообраќајот

Анализа на податоците за сообраќајните текови, моделирања на сообраќајот, студија со издржани податоци за моменталните текови, тесните грла, црните точки, временските застои и капацитетите на уличната мрежа и паркинзите.

Редовна соработка и обезбедување податоци од сообраќајната полиција за сообраќајните незгоди, со време, локација, учесници и причини, со цел подобрување на инфраструктурата, со поставување бариери и успорувачи (лежечки полицајци, подигнати пешачки премини, шикани) и обележување со сигнализација. 

Да се продолжи со субвенционирањето велосипеди, но да се направи и диверзификација на субвенциите и да се вклучат субвенционираните граѓани во фокус-групи, анкети итн., од кои ќе се собираат податоци. 

 

Нови политики, стандарди и регулации

Кај урбанистичките планови кај кои има можност (кои во поголем дел не се реализирани) да се зголемат стандардите за тротоарите, да се предвидуваат и велосипедски патеки и да се зголеми и регулационата ширина на улиците.

Советот да донесе Заклучок за стандардот за велосипедски паркинзи, кој ќе се применува во одобренијата за сите нови објекти. За постојните објекти да се бараат иновативни решенија како велосипедски „хангари“ и сл.

Да се организираат денови без автомобили со цел да се поттикне поинакво доживување на просторот. 

При градежни активности (било на јавната инфраструктура или од приватни објекти) со кои се зафаќа дел од јавниот простор, да се заштитуваат соодветно пешаците. 

Јавноста да биде соодветно информирана (јасни, читки цртежи и потребна документација) и навремено вклучена во процесот на изработка на сообраќајни проекти. 

Очекуваните придобивки се:


 

Зголемено ниво на безбедност, намалување на бројот на повредите и жртвите до 0

  • Поголемо ниво на пешачење и користење велосипед и тротинет, а одржливо користење на личниот автомобил

  • Можност за независно движење за децата, повозрасните граѓани, лицата со хендикеп, семејствата што немаат автомобил итн. 

Помал метеж, помало загадување и помала бучава

  • Намалено влијание на климатските промени

  • Смирување на сообраќајот, попријатни улици, среден јавен простор, поквалитетно живеење

  • Повеќе простор за зеленило и за јавен, маалски живот 

  • Подобро здравје, поголема релаксираност во јавниот простор и задоволство од удобен градски живот

Поголема вклученост на граѓаните во процесите и чувство на припадност и одговорност кон заедницата.

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 


 

Стратегијата за култура за периодот 2017-2022 се фокусира на три главни цели: + зголемување на буџетот на Општината и на вонбуџетските средства за култура; + зајакнување на административните капацитети; + интензивна соработка со граѓанскиот и бизнис-секторот. 

Минатите четири години ниту една од овие цели во речиси сите три сегменти не е реализирана. Културната понуда и нејзината мисија е, напротив, потполно маргинализирана, што придонесува и за недозволивото обезличување на Општина Центар, потенцијално една од најнапредните и авангардни меѓу локалните заедници.

Отсуствува волја за создавање слободен простор за создавање современи изведувачки уметности во општина Центар; негрижа за веќе постоечката улична уметност низ целата општина. 

Постои негрижа за историјата и историските личности што се значајни за општината и државата, а се врзани мемориски, локациски или сл., за подрачјето на општината. Негрижа за објектите што се водат како културно-историско наследство, за одредени мемориски локалитети и локации. Негрижа за старите препознатливи градски јадра: Калето, Старата скопска чаршија, Плоштадот Македонија-Камени мост-Пл. Карпошово востание, Градскиот парк, Културен центар и др.

Нашите заложби се: 


 

Културата сфатена во најширока смисла треба да прерасне во еден од базичните столбови врз кои Општина Центар ќе го гради својот идентитет. 

  • Реалните потенцијали на Општината за динамичен културен развој се огромни и во нив ги вбројуваме: густо населената и развиена урбана мрежа (во архитектонска и инфраструктурна смисла, и во однос на урбано-самосвесната и образована популација); репрезентативните градби и споменици; мноштвото јавни простори и паркови; концентрацијата на државните административни и културни институции; бројноста на местата за забава и рекреација; туристичкиот комплекс; и вкрстувањето на сите главни сообраќајни артерии и дневниот прилив на граѓаните на Скопје во центарот на градот отвораат мноштво можности за далеку позначајно подигнување на нивото на културната понуда.
  • За постигнувањето на таа цел, основно е дека треба да се реализираат трите главни насоки од Стратегијата 2017-2022:
    • постепено зголемување на буџетот за култура од 5 – 7 % обезбедени делумно од општинскиот буџет и делумно од вонбуџетски средства; 
    • професионална административна поддршка, кадарна одговорно да ги реализира програмските цели во соработка со граѓанскиот сектор; 
    • развивање канали за комуникација меѓу граѓаните со поттикнување на нивното учество во креирањето на програмите преку директни предлози и сугестии, како и со поттикнување на лична иницијатива и самоорганизирање.

     

Квалитетни и правични годишни конкурси

  • Програмските определби ќе се реализираат главно преку годишни конкурси специфично дизајнирани (од страна на Програмскиот совет) и во склад со обезбедувањето на буџетските капацитети, распоредот на приоритетите и во консултација со професионалци од областа на културата и пошироката стручна заедница, граѓанскиот сектор и пред сѐ со следењето на интересот на граѓаните на ОЦ. 

Искористување на потенцијалите на јавните простори

  • Културната стратегија на Шанса за Центар во следниот четиригодишен период ќе се насочи кон идентификување и дефинирање на некои од јавните простори во ОЦ, кои ќе бидат носечките платформи или платоа за спроведување на културната мисија. Тука сосема конкретно ги имаме предвид: скопскиот Акропол или Кале, како еден од најзначајните, симболички важни и потенцијално најкомплексни јавни простори што треба да се третираат како долгорочен проект во кој покрај ОЦ, треба да учествуваат и да се реализира во соработка на ОЦ, Град Скопје, Општина Чаир и Владата на РСМ – ОЦ треба да е иницијатор на овој значаен локален и државен проект; Плоштадот посветен на Горан Стефановски е симболичкото средиште на ОЦ („Дебар Маала не е шала“) и Шанса за Центар во следните неколку години ќе настојува да го претвори во регуларен театар на отворено, каде што во текот на целата година ќе се негуваат разни форми на драмското и перформативно творештво посветено или инспирирано од делото на Горан Стефановски; Паркот на франкофонијата со негово повторно враќање во живот, посветен на визуелните уметности; плоштадите пред Хотел Јадран и меѓу домот на АРМ, Музејот на Мајка Тереза и ул. Македонија се идеални урбани средишта за одржување различни музички, мултимедијални, неделни добротворни манифестации и распродажби, отворени форуми, граѓански иницијативи и др. настани.
  • Долги години затворените и запуштени простори кај бившата ф-ка Треска, паркингот пред Холидеј ин и кај бараките на Јавното претпријатие за станбен и деловен простор, кои со новите урбанистички планови имаат потенцијал да стекнат и локации за јавни простори, треба да станат дел од проширувањето на опфатот на новата и динамична културна понуда на Општина Центар.
  • Конкурси за дизајн и изработка на инвентивна и привлечна урбана опрема што ќе ги наведува граѓаните на што поголемо користење и собирање на јавните простори.

Заштита на старите урбани јадра и справување со траумите во просторот 

  • Значаен дел од нашата стратегија ќе биде и заштита на старите урбани јадра од офанзивните налети на градежништвото, како и соработката со Град Скопје во подготвувањето и спроведувањето заедничка програма за заштита, реставрација, ревитализација на историски значајни згради и издавање печатени или дигитални мапи и водичи низ историјата на делови од општината.
  • Обележување на сите објекти што се водат како културно-историско наследство во маалото.
  • Програмите од областа на културата да ја обработуваат и да ја направат јавно достапна историјата и животот на граѓаните во старите урбани јадра.
  • Преземање инцијатива и потребни мерки со надлежните институции и во соработка со жителите да се заштити постојната и да се прошири зоната за старо урбано јадро и објекти под заштита.
  • Шанса за Центар ќе поттикнува дискусија во рамките на Советот, вклучувајќи ја притоа и јавноста, за контроверзиите произлезени од проектот Скопје 2014. Исто така, ќе бидат иницирани и конкретни чекори за скулпторски, архитектонски и мултимедијални проекти за култивирање, адаптација или реинтерпретација на згради или јавни простори од комплексот Ск-2014.

Иновативни и партиципативни решенија 

  • Конкурси за примена на дигиталната технологија и социјалните мрежи во проширувањето на обемот на достапноста на културата и во поттикнувањето на граѓанската партиципативност.
  • Како и во случајот со Центар ЈАДРО, ќе се бара можност за пренамена на друг објект во галериски простор, чијашто главна намена примарно ќе бидат изложби и проекти од областа на архитектурата, урбанизмот и дизајнот, како и форум за јавни дискусии.
  • Јавна дебата за дефинирање на потребите на уметниците; поттикнување на создавање на работни групи што би воделе до креирање локални политики/подзаконски правни акти во кои би било дефинирано што, кога и како би можело да се започне со создавање ваков слободен простор.

Очекуваните придобивки се:


 

Зголемен општински буџет за култура 

 

Квалитет, правичност и транспарентност на конкурсите за култура

 

Јавниот простор назад кај граѓаните со нова културна програма и содржина достапна за сите 

 

Задржување, зачувување и обележување на културното наследство, грижа достојна за центарот на градот

 

Отворање и ослободување на просторот од трауматичниот проект Скопје 2014

 

Нови решенија со иновативен и партиципативен пристап.

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 


 

Непрепознавање на важноста за индикатори за родова еднаквост, родово одговорно буџетирање,
насилство, превенција и заштита.
Непостоење на социјална мапа за идентификација на групите во ризик и нивната
распространетост.
Недостаток на центри за домување и рехабилитација на стари лица во близина на средината и
луѓето кои им се позната и живееле.
Недостаток на програми за психолошка поддршка на деца и младинци за справување со
животните предизвици.
Недостаток на програми за поддршка на граѓани кои поради одредени околности се нашле во
ситуација за немање извор на средства за егзистенција, а со тоа и нивните семејства страдаат.

 

 

Нашите заложби се: 


 

Социјално мапирање на ниво на општина Центар

Социјално мапирање на жени во ризик и политики според идентификуваните потреби.
Мапирање на деца не вклучени во градинките и поддршка за нивно вклучување.
Мониторирање и евалуација на родова еднаквост со индикатори кои ќе се обработуваат за секој
проект, од инфраструктурен, до трансфери кон невладини, спортски клубови и при урбанистички
планови.
Мапирање на стари лица кои имаат реална потреба за грижа и нега во групни живеалишта и
рехабилитациони центри во рамките на општината и стимулирање на програми и предлози за
оваа категорија на граѓани.
Информирање и психолошка поддршка на деца и младинци за справување со животните
предизвици како што се: нормалниот психо-сексуален развој, стресот, алкохолот, дрогата,
коцкањето, интернет зависноста .
Психолошка и информативна подршка на граѓани без извор на средства за егзистенција, од аспект
на консултации, упатување и помош во обезбедување контакти за доедукација и вработување.


Социјална интеграција

Вклучување во општествено корисна работа на најранливите групи во социјален ризик.

 

Рамноправни и безбедни жители

Соодветен третман на жртви на насилство, поддршка на НВОа кои се грижат за заштита,
превенција и работа со и за жртвите.
Задолжителни квоти за жени во сите комисии и тела на општината, надзорните и извршни одбори
на Јавни претпријатија, Училишни одбори и Совети.

 

Буџетирање и проекти кои ги третираат сите категории на ранливи луѓе

Пристапаност до јавни простори, сообраќајни решенија и пешачки патеки кои се безбедни,
осветлени и креирани за да бидат пријатни за сите граѓани, особено најранливите.
Заштита на бездомни лица, гладни и маргинализирани групи со обезбедување простор за заштита
во зимски услови, храна, енергетски пакети за помош во зимски услови, и инклузивност.

 

 

Очекуваните придобивки се:


 

Заштитени социјално ранливи и маргинализирани групи

Политики за родова еднаквост, права и пристапност базирана на показатели и индикатори, со вклученост на професионалци и граѓански сектор.

Центар, општина во која се бориме против сиромаштијата.

 

Правична застапеност на сите при носењето одлуки на ниво на општина.

Квалитетни проекти со решенија базирани на препознаените предизвици.

 

0 насилство

Намалување на секакво, но особено на малолетничко и родово базираното насилство и поефикасна заштита. Соработка со МВР и невладини организации за едукација, превенција и заштита на жртвите.

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 


 

Застарени процедури и постапки за планирање и програмирање; слаби капацитети за користење дигитални алатки; никаква примена на податоци за донесување одлуки; никакви системи за собирање податоци потребни за мерливост на развојот; слаба комуникација со граѓаните за оправданоста на инвестициите; проблеми со транспарентноста, не постојат контакти од службени и одговорни лица, не е објавена систематизацијата, ниту органограмот; архивата не е дигитално достапна, не се споделува навремено со службите и Советот; нетранспарентен Совет, немање контакт со граѓаните, недостиг од вклучување во процесот при донесувањето одлуки, ниту вклучување во комисиските расправи; необјавување на одлуките пред да се донесат; седниците не се снимаат и прикажуваат (во живо или како снимка) и не се прават квалитетни записници од седници што реално го покажуваат ставот на секој советник, туку само се евидентира кој зел збор.

 

Нашите заложби се: 


 

модернизација на постапките и процедурите

дигитализација на процесите

одлуки базирани на анализа на податоците

системи за собирање податоци

деперсонализирани мерења за состојбите, кои сега зависат од личниот инспекторски интегритет

зголемена и подобрена комуникација со граѓаните 

подобрена и потранспарентна веб-страница

достапна дигитална архива на општината

е-совет 

Очекуваните придобивки се:


 

Транспарентна, респонзивна и отворена општина; 

брза во донесувањето квалитетни одлуки базирани на точни и ажурирани податоци и анализи; одговорна при планирањето на буџетот; подобрени човечки ресурси за употреба на дигитални алатки; 

зголемена продуктивност и замена на неефикасни инспекции со технолошки решенија

зголемена продуктивност, ефикасност и вклученост на Советот во процесите на општината, олеснет увид во барањата од граѓаните; независни контроли и мерења со сензори наместо со инспектори; 

модерен и достапен е-Совет

достапна архива и е-Совет со можност за вклучување на граѓаните во сите чекори при донесувањето одлуки.

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 


 

Конфликти на интерес што не се препознаваат. Неприменување на етичкиот кодекс. 

Набавки што го спречуваат развојот и прогресот, неодговорно ги трошат општинските пари и не се залагаат за контрола на остварениот квалитет, ниту за одговорност од изведувачите. Недоволни капацитети за подготовка на технички документации за набавки, ниту реалност во проценка на цените и предвидливост на ризиците. Сомнежи во процесите на издавање дозволи за градба, кои не се третираат.

 

Нашите заложби се: 


 

Општина без корупција и со професионални услуги кон граѓаните.

Набавки со квалитетни спецификации, цени базирани на докази, проценки на ризик и обезбедување гаранции за општината со квалитетен надзор.

 

Транспарентност на дозволи за градби, продажби на јавен имот и на трансформации за дооформување парцели за градби

Транспарентен приказ на издадени дозволи за градби, на продажби на општествен имот и на трансформации за дооформување парцели за градби со запирање на досегашните пракси, кои се погубни за квалитетот на живот на општинско ниво.

 

Евалуација на работни процеси

Воведување информативна табла на општинскиот веб-сајт за времето изминато во решавање на предмети. За секој предмет ќе се води евиденција за време на влез и време на излез, а предметите ќе им бидат доделувани на тимови формирани по одделенија во администрацијата. Нивната ефикасност ќе се оценува компаративно, а тоа ќе влијае на оценката за секој вработен. Процесот ќе поттикне евалуација на работните процеси и процедури, како и транспарентна реакција по секој предмет.  

 

Антикорупциска едукација од најмала возраст.

 

Очекуваните придобивки се:


 

0 корупција во Општина Центар.

 

Транспарентност на сите одлуки.

 

Одговорно и чесно располагање со општинскиот буџет.

 

Свесни, совесни и одговорни граѓани што се борат против клиентелизмот, корупцијата, а за праведност и правичност.

Целни групи:

  • Сите граѓани на Општина Центар (независно од возрасната група),
  • Децата и младите луѓе се приоритетните целни групи.

Прашања земени предвид:

  • Влијанието на пандемијата врз општото здравје на населението, преку намалена физичка активност поради воведените ограничувања на движењето во последната 1,5 година, како и ограничувањата за групни активности.
  • Со пандемијата е нагласена потребата од овозможување физичка активност кај населението за да се постигне повисоко ниво на јавно здравје.

Врски со други области:

  • Здравје (преку придобивките од физичката активност за општото здравје на населението)
  • Инфраструктура (потреба од реконструкција и/или изградба на капацитети и отворени локации за спорт и рекреативни активности)
  • Образование (преку врските со училиштата)
  • Животна средина (повеќе луѓе одлучуваат да пешачат/возат велосипед до работа).

     

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 


 

Потреба од мерки насочени против влијанието на пандемијата врз физичкото здравје на децата за да се спречат долгорочни здравствени проблеми кај децата и младите.

Потреба од реконструкција на постојната спортска и рекреативна инфраструктура (вклучително и училишните спортски сали) и/или изградба на нови капацитети (сали и отворени локации) за организирани и спонтани физички активности (патеки за трчање во парковите, вежбалници на отворено, отворени спортски терени, игралишта за деца заради спонтана игра).

Зголемување на секојдневната физичка активност на граѓаните од општината преку обезбедување безбедна и широко достапна инфраструктура за пешачење и возење велосипед.

Потреба од изградба на привлечни локации за рекреација/паркови во близина на граѓаните и одржување на постојните локации за рекреација наменети за спонтани спортски активности.

Потреба од организирање јавни настани заради поттикнување физичка активност кај граѓаните од општината.

Понуда на достапни активности за граѓаните од страна на здруженијата и спортските клубови што организираат спортски активности во општината.

Овозможување континуитет на спортски активности на талентирани спортисти (млади и возрасни).

 

Нашите заложби се: 


 

Студија околу физичкото здравје кај децата и младите во општината, што ќе се користи како основа за креирање целни активности

Изработка и спроведување студија околу физичкото здравје кај децата и младите во општината, што ќе се користи како основа за креирање целни активности во училиште, заради спречување на негативното влијание на пандемијата врз здравјето на децата и младите во општината (потенцијални партнери/донатори: УНИЦЕФ и локалната канцеларија на СЗО)

– Извештај за физичкото здравје кај децата и младите во општината

– Акциски план за зголемена физичка активност во рамките на училишниот систем врз основа на наодите од проценката на физичкото здравје кај децата и младите во општината

– Поголем број деца ангажирани во дневни физички активности

 

Широк опсег на спортски активности во училишните спортски сали по часовите, достапни за секое дете 

Обезбедување широк опсег на спортски активности во училишните спортски сали по часовите, со цел да се овозможи достапност до спортот за сите деца

– Поголем број училишни спортски активности по училиште

– Поголем број деца ангажирани во физичка активност

– Вклучување поголем број девојчиња во спортот

Креирање мерки за да се овозможи спортските активности во училишните спортски сали да се достапни и за децата од маргинализираните групи

– Вклучување поголем број деца од маргинализираните групи во спортот

 

Денови на спортот преку основните училишта

Организација на редовни спортски денови во јавните училишта во општината (целодневни активности) за да им се овозможи на децата да пробаат нови спортови без надомест. Ова, на пример, би вклучувало посета на базени, пешачење, организација на училишни спортски натпревари итн.

– Организација на минимум два спортски дена во текот на секоја училишна година, со што би им се овозможило на децата да пробаат нови спортски активности

– Поголем број деца вклучени во физичка активност

 

Подобрена спортска и рекреативна инфраструктура

Проценка на постојната спортска и рекреативна инфраструктура спроведена во текот на првите 9 месеци од мандатот, вклучително и проценка за родовото влијание на предложените инвестиции

– План за проценка со предлог-инвестиции за реконструкција и изградба на спортска и рекреативна инфраструктура, како и капацитети (вклучително места за спонтани активности на отворено) што ја земаат предвид родовата еднаквост во инвестицијата

4-годишен план за реконструкција и изградба на спортска и рекреативна инфраструктура усвоена до 12. месец 

– Усвоен акциски план

– Реконструкција на најмалку 5 спортски капацитети (усогласени со буџетските приоритети)

– Изградба на најмалку 1 нов спортски затворен капацитет (усогласени со буџетските приоритети

– Изградба на најмалку 3 нови капацитети на отворено за спонтани спортски активности 

– Изградба на нови капацитети за физички активности на отворено во сите 8 училишни дворови во општината

– Изградба на најмалку 5 нови детски игралишта 

– Поголема близина и достапност на спортски и рекреативни активности за граѓаните на општината

– Поголем број граѓани имаат можност да учествуваат во спортски активности (организирани и спонтани, како резултат на зголемен број спортски капацитети)

 

Ослободување на тротоарите од автомобили за слободно движење и подобрено здравје

– Поголем број лица што пешачат до/од работа/училиште/во слободно време

– Помалку сообраќај со возила во општината

Подобрување на инфраструктурата за користење велосипеди/тротинети за одење на работа

– Поголем број лица што возат велосипед до/од работа/училиште/во слободно време

– Помалку сообраќај со возила во општината

Воведување мерки за да се поттикне возење велосипед до работа

– Поголем број лица што возат велосипед до/од работа/училиште/во слободно време

– Помалку сообраќај со возила во општината

 

Создавање дополнителни места за спонтан спорт и рекреативни активности на локации блиски до граѓаните

Како дел од гореспоменатата проценка на инфраструктурата за спорт и рекреација, да се изврши проценка на потребите за создавање дополнителни места за спонтан спорт и рекреативни активности на локации блиски до граѓаните од општината, како и проценка на потребата за одржување на постојните локации (вклучително и пешачки патеки лоцирани во рамките на општината итн.)

– Поголем број граѓани што учествуваат во редовни спонтани спортски и рекреативни активности на отворено

– Одржани пешачки патеки и/или отворање нови патеки

– Подобрен квалитет на животот и јавно здравје кај граѓаните

 

Кампања за промовирање на зголемена физичка активност кај граѓаните 

Спроведување на проценка на нивото на физичката активност кај граѓаните од општината за да се креира основа за 2-годишна кампања за промовирање на зголемена физичка активност кај граѓаните. Ќе биде готова до 9. месец од мандатот

– Подготвен извештај за проценка со препораки за активности што поттикнуваат зголемена физичка активност кај граѓаните

Подготовка на 2-годишна кампања за информирање околу придобивките од редовната физичка активност во комбинација со понуда на серија бесплатни настани во текот на 2-годишен период, каде што граѓаните ќе можат да пробаат голем број спортски активности. Кампањата и настаните треба да содржат компоненти за различни целни групи, вклучително деца и млади, постари луѓе и лица со физичка попреченост, а локациите на настаните треба да бидат достапни до граѓаните (на пример, да се одржат во училишните дворови, паркови итн., во маалата на граѓаните)

– Граѓаните се информирани околу придобивките од редовната физичка активност

– Организирање на најмалку 200 бесплатни спортски активности за граѓаните од општината во текот на 2-годишен период

– Поголем број граѓани редовно учествуваат во физичка активност

На крајот од кампањата треба да се изработи мониторинг-извештај, во кој ќе бидат наведени резултатите од активноста, како и препораките за понатамошни активности со цел да се поттикне физичка активност кај граѓаните

– Мониторинг-извештај и акциски план за понатамошни активности за поттикнување физичка активност

Обезбедување нефинансиска (понуда за користење на спортски сали) и финансиска поддршка за здруженијата и клубовите што се активни во општината преку покривање на дел од нивните вкупни трошоци за да им се овозможи да им ги понудат своите активности на граѓаните преку достапни цени

– Поголем број спортски клубови поддржани од страна на општината (преку нефинансиска и финансиска поддршка)

– Учество на поголем број граѓани во организирани спортови

Спортските активности за девојчиња/жени и момчиња/мажи да бидат еднакво поддржани од буџетот на општината и/или преку нудење пристап до спортски сали/спортски терени како нефинансиска поддршка

– Повеќе спортски клубови организираат активности за девојчиња со поддршка од општината

– Поголем број девојчиња/жени учествуваат во организирани спортови

Обезбедување школарини за талентирани спортисти од општината, со цел да им се овозможи занимавање со спорт на професионално ниво

– Поголем број спортисти имаат можност да се занимаваат со спорт на професионално ниво

Овозможување еднаква поддршка од буџетот на општината за талентирани девојчиња/жени и момчиња/мажи

– Повеќе жени имаат можност да се занимаваат со спорт на професионално ниво

 

Очекуваните придобивки се:


 

На сите жители на Општина Центар да им се дадат можности за корисно, весело и здраво слободно време преку голем број организирани спортски активности, како и локации за спонтани активности во општината и

На сите чинители (приватни, јавни и здруженија) што организираат спортски активности и активности за унапредување на здравјето во општината да им се дадат можности и потребни капацитети за да продолжат да им нудат богат и достапен број спортски активности на граѓаните на Општина Центар.

Да се зголеми физичката активност кај граѓаните од општината, со особен акцент на децата и младите.

Овозможување еднаков пристап до физичка активност за сите граѓани преку креирање мерки што придонесуваат кон учество на маргинализираните групи во спортски активности.

Унапредување и јакнење на општинската инфраструктура за спорт и спонтани спортски и рекреативни активности, и истовремено при инвестициите во спортската инфраструктура да бидат земени предвид сите родови аспекти.

Подобрување на можностите за секојдневни спонтани вежби на граѓаните.

Тематски целини

Препознаените предизвици во областа се: 

Лажна транспарентност на финансиите, планирање на средства неусогласено со потреби на граѓаните, квалитет на сервиси и без можност за граѓански амандмански промени на предлог буџетот, фиктивна партиципативна демократија, јавни набавки без оглас, буџетски календар кој не се почитува и го укинува процесот на 3 фази за носење буџет, слаба вклученост на граѓаните за дефинирање на развојните програми, немање транспарентност во објавата и реализацијата на планот за јавни набавки, немање јасни показатели за задолженоста и за трансферите кон други јавни претпријатија (ПОЦ), немање податоци ниту воља за одговорно родово буџетирање, слаби анализи за исплатливост. 

Нашите заложби се:
 

Транспарентен и партиципативен буџет на општината
  • Споделување на сите финансиски документи во формат на отворени податоци, а не како слики и pdf документи, наменско користење на средствата со увид во планираните расходи од програмирањето, преку сите промени и ребаланси достапни во формат за анализа/отворени податоци,
  • Редовно објавување на информации за трошењата од општинскиот буџет во отворен формат и на разбирлив начин за граѓаните, особено за темите/ областите кои се од покажан интерес на граѓаните.
  • ажурирање на апликацијата за буџет http://mojbudzet.centar.gov.mk/ како и редовно ажурирање на финансиските индикатори од http://indikatori.opstinskisoveti.mk/Home/Index
  • Вистинска, а не фиктивна партиципативна демократија и учество во креирањето на програмите за развој на општината, со користење на апликацијата http://mojbudzet.centar.gov.mk/.
  • Враќање на укинатите процеси за донесување на буџетот во три фази: предлог програми, нацрт буџет, форумски сесии online и во живо пред усвојување на Совет. Опцијата за амандмански предлози за промени на нацрт и предлог буџетот со поднесување преку http://mojbudzet.centar.gov.mk/
  • Редовно организирање на Форуми во заедницата за дискусија за програмите и Буџетски форуми, заради активно вклучување на граѓаните во планските процеси.

 

Одговорно трошење на јавните пари 

  • Изработка на единечна пресметка на цени за комунални дејности, во секоја област и тоа: од проектирање на инфраструктура, изведба, проектирање, изградба и одржување на зеленило, на детски игралишта, на рекреативни отворени површини, на јавни површини, на тротоари итн.
  • дефинирани посебни услови во кои општина Центар ќе може да набавува без претходно објавен оглас, во консултрација со внатрешната ревизија во општината со цел намалување на злоупотреби од набавка. 
  • Ќе се зголеми соработката со организации кои работат во областа на јавните финансии и набавки со цел рано предупредување и советување, како и институции кои превенираат корупција.
  • Воведување на информативна табла на општинскиот веб сајт за времето изминато во решавање на предмети. За секој предмет ќе се води евиденција за време на влез и време на излез а предметите ќе бидат доделувани на тимови формирани по одделенија во администрацијата. Нивната ефикасност ќе се оценува компаративно а тоа ќе влијае на оценката за секој вработен. Со тоа тимовите ќе се натпреваруваат а со тоа ќе се забрза услугата кон граѓаните.

 

Приходите со користење нови извори на средства, а без неповратно губење на ресурсите 

  • задржување на земјиштето во сопственост на општината/државата
  • апсорпција на средства од фондови и грантови достапни за општините
  • зајакнати самофинансирачки активности
  • поврзаност на планирањето со базите за наплата на даноци на имот

Очекуваните придобивки се:

Буџет планиран со и за граѓанските потреби, одговорно и отчетно трошење на парите на граѓаните

  • Одговорно и демократско финансиско работење и планирање на буџетот,
  • Транспарентност и отчетност во планирањето на средствата на општината според приоритетите и потребите на граѓаните
  • Вистинска партиципативна демократија
  • Домаќинско трошење на парите на жителите на општината
  • Приоритетите на граѓаните ќе станат дел од приоритетите во програмите на општината. Преку транспарентно и заедничко креирање на буџетот, граѓаните стануваат свесни за тоа како општината работи и ги гради своите буџети, се зголемува заедничката сопственост и се вклучуваат жителите во процесот на донесување одлуки на локално ниво со цел подобрување на локалната одговорност, квалитетот на локалните услуги и квалитетот на животот.
  • Зголемена отчетноста на локалните власти кон заедницата, мониторинг на практиките на локалните власти што укажува на поголема одговорност во распределувањето на ресурсите и услугите, откривање на проблемите на управувањето на јавните финансии и има потенцијал да ја намали корупцијата и грешките во управувањето на локално ниво.
  • Изработка на анализи за исплатливост на капиталните проектите
  • Квалитетни податоци како основа за родово одговорно буџетирање

Зголемување на приходите со користење на нови извори на средства, а зачувување на ресурсите и земјиштето 

  • Одлуки на Советот за продажба на земјиште, легализација, итн. со 
  • Зајакнати капацитети за самофинансирачки приходи, грантови и планирање на приходи од даноци
  • Подобрена ефикасност на работата на општинската организација.

Препознаените проблеми и предизвици во областа како основа за добро управување: 

 

Немање визија за иден просторен развој, слаба координираност со надлежните за урбанистичкото планирање од повисок ранг (Град Скопје, надлежно министерство), слаба вклученост на граѓаните и заинтересирани чинители во процесот на донесување на урбанистичките планови, недостаток на јавно достапни информации и плански документи, немање јавен увид во издадени одобреинија за градба, некоординираност помеѓу секторите и одделенијата кои имаат информациите кои се потребни за изработка на урбанистичките планови и проекти.  

 

Нашите заложби се:
 

  • собирање и документирање на релевантни податоци и информации, со кои се има јасна претстава и увид за состојбата, во просторна, но и економска, еколошка,  социјалошка смисла, како основа за предлагање и доенсување одлуки за развој на просторот.
  • креирање визија за просторен развој имајќи ги предвид вредностите, значењето и спецификите на подрачјето и физичката структура на општина Центар, како срце на градот и државата. Потребно е јасно дефинирање на цели и изработка на стратегија за насочување на рзвојот и понатаму изработка на урбанистички планови. 
  • зајакната вклученост при изработката на новиот Генералниот урбанистички план на град Скопје и обезбедувуње услови за  вградување на предлози и забелешки од одговорните стручните лица од општината со вклученост на еминентни стручните лица и академската заендница од областа на урбанистичкото планирање и градежништво. 
  • граѓаните и сите заинтересирани чинители да бидат вклучени уште во сите фази на урбанистичко планирање и тоа од моментот на креирање развојни политики, преку одлуки за отпочнување на планирање, самото изготвување и донесување на урбанистики планови. Многу е важно да се воспостават посоодветни услови за партиципативно планирање…
  • сите информации и изготвени развојни документи и урбанистчки планови да се јавно достапни, во формати лесно достапни и разбирливи за пошироката јавност. Граѓаните имаат право да ги следат постапките, да имаат увид во изработката и секако во усвоените документи.
  • достапност до инфромации кои се однесуваат на добиени одобренија и очекувани активности на подрачјето на општината, како и информации за текот и времетраењето на истите. 
  • зајакната координација и отворено споделување на потребни информации помеѓу секторите и одделенијата кои имаат информациите кои се потребни за изработка на урбанистичките планови и проекти.

     

Очекуваните придобивки се: 

 

  • Изработка на „Лична карта на градските четврти на општина Центар“ во која ќе се приложат податоци за сите градски четвртти на територија на општина Центар, со мапи, основни просторни податоци, како и оценка на: состојбите, просторните можности и капацитетите, квалитетот на просторот и објектите и др. (Користење на ИТ и ГИС алатки, поставување на веб-страницата на општината).
  • Изработка на „Визија Центар 2032 – Програма за одржлив развој на општина Центар“, со која ќе се трасира идниот развој во наредните 10 години и ќе биде развоен документ со кој општината ќе се вклучи во изготвување на новиот ГУП за Скопје 2022-2032. Овој документ ќе се изработи според современите принципи за урбан развој со баланс на економските, социјалните и еколошките аспекти. Програмата ќе содржи: визија, стратегија и акциски план, а ќе се базира на Глобалната одржлива цел 11-Градовите и човечките населбите да се направат инклузивни, безбедни, отпорни и одржливи.
  • Генералниот урбанистички план на град Скопје да не е „наметнато решение“, туку документ „партнер“ за обезбедување најповолни услови за иден проторен развој на подрачјето на општина Центар и добра основа за изработка на квалитетни детални урбанистички планови.
  • Детални урбанистички планови кои ќе бидат изработени со висок квалитет поради вклученоста на граѓаните и сите релевантни чинители  уште во првиот чекор на нивната изработка, применувајќи најсовремени алатки и методи на пратиципативно планирање. Законската регулатива дозволува одреден степен на реализација, но општина центар ќе стане и промотор на едно поинакво урбанистичко планирање, како очекуван лидер во нови поквалитетни ….
  • Едноставан и сеопфатна достапност до сите детални урбанистички планови и други видови на технички документи, како основа за транспарнетно и навремено информирање, како и можност за планирање и донесување одлуки што да се очекува во иднина во просторот во кој се живее, каде би се живеело, каде би се инвестрирало, каде би се очекувале нови сервиси и сулуги и сл. 
  • Увид во изградбата во блиска иднина и очекувани активности кои можат да ги променат условите во кои тековно се живее.
  • Изработка на квалитетни и сеопфатни  урбанистички планови и проекти во кои ќе бидат вклучени сите информации од сите сектори и ќе содржат валидни и проверени податоци.

Препознаените проблеми и предизвици во областа како основа за квалитетен живот

При изработка на ДУПовите не се води сметка за основните критериуми за квалитетен живот, кои иако  се дури и законски пропишани, се третираат како неважни. Во планските документи се води грижа само за обезбедување повеќе површини за градење, при што сите други услови се само препишани броеви на службени весници. Дополнително воопшто не се води сметка за препорачаните насоки за тоа како и што е важно при планирање на градовите и населените места (Глобалната одржлива цел 11-Градовите и човечките населбите да се направат инклузивни, безбедни, отпорни и одржливи). Архитектонските и градежните проектите кои се основа за добивање одобренија за градба, многу често, не се на соодветното пропишано техничко ниво и не ги почитуваат стандардите и нормативите за проектирање, со што со нивата реализација дополнително се намалуваат квалитетот на живот. Зголемени просторни и физички бариер кои предизвикуваат исклучување на лицата со посебни потреби, деца и постари.  

Нашите заложби се: 

  • Одржливо урбанистичко планирање со фокус кон решавање на проблемите со нееднаквоста, сиромаштијата и социјалната инклузија, како и пропорционален урбан раст,
  • Почитување на човековите права, особено основното човеково право за домување и комунални сервиси, безбедност и спокојство,
  • Планирање и користење на капиталните инвестиции за обезбедување на социјална инфраструктура (водоснабдување, третман на отпад, образование, здравство и детска грижа) и физичка инфраструктура (транспорт и комуникации (ИКТ)), како и јавни сервиси во поддршка (јавен транспорт, зеленило, јавни простори…),
  • Планирање и изградба без бариери и олеснување на пристап до секој градски простор и објект, за сите.

 

Очекуваните придобивки се: 

  • Детали урбанистички планови од висок квалитет со услови за иден просторен развој кои ќе обезбедат квалитетно домување, квалитетни деловни простори, со сите потребни пратечки содржини, услуги и сервиси (градинки, училишта, треговија, угостителсто, услуги, игралишта, зелени простори), а притоа ќе го одразуваат и заштитуваат духот на местото. 
  • Изградбата проследена со соодветно обезбедување на комунална инфраструктура (водоснабдување и канализација, третман на отпад, електрика, осветлување, комуникации (ИКТ) и сл.), сообраќајна инфраструктура за сите видови на транспортни сретства, како и јавни сервиси во поддршка (јавен транспорт, зеленило, јавни простори…)
  • Справување со климатсите промени, вградени како услови уште во урбанистичките планови и проекти, како и при изградба на сите видови на објекти. 
  • Град без бариери, пријатен за боравење и движење низ него, без разлика на возраста и физичките и ментални способности, за сите луѓе. 

 

Препознаените проблеми и предизвици во областа како основа за зелен развој:

неодговорно искористување на земјиштето како неонадоместлив ресурс и негово зафаќање претежно со градби, без притоа да се води сметка за еколошкиот аспект на развој и справување со климатските промени (потреба од зелени површини, ублажување на поројните дождови, обезбедување на биодиверзитет и сл.). При планирање на типологијата на градските блокови и објекти не се води сметка за идната потреба од користење на дополнителна енергија за греење и ладење, снабдување со вода, движење на лифтовите и сл. Досега не се размислува за искористување на постојните простори и објекти, па и проектирање на нови, за произведување алтернативни енергии, поддржување на биодиверзитетот, користење на природните начини на проветрување и заштита од непријатна микроклима. 

 

Нашите заложби се: 

  • Планирање зелена инфраструктура и подобрување на животната средина и нејзиното зачувување,
  • Планирање со вклучена адаптација кон климатските промени. 
  • Домаќинско користење на земјиштето и обезбедување на неизградено земјиште за задоволување на потребите од зелени јавни површини, место за контејнери за отпад, игралишта, неизградени и непоплочени површини за впивање на вишокот вода од поројни дождови, справување со разни природни и создадени непогоди.
  • планирање на типологии (блокови и објекти) кои обезбедуваат помалку потреба од енергија (греење и ладење, хидрофори, лифтови и сл.) , со соодветна поставеност на објектите во однос на страните на светот, меѓусебна поставеност, големина и висината на објектите, однос кон околината, застапеност на зеленило и сл.
  • избалансиран развој, односно „стабилизирање/консолидирање“ на градски четврти кои се веќе целосно изградени, а градење во оние градски четврти кои има стагнација и лоша физичка кондиција на просторот. 

Очекуваните придобивки се: 

  • Сеопфатна и поврзана зелелена инфраструктура со потребен капацитет по жител и активности. 
  • Обезбедување на дополнителен простор за потребите на граѓаните за зелни простори, одложување на отпад, собирање на одвишок вода ….
  • енергетско ефикасен градски простор и објекти, кои нема да имаат потреба од дополнително трошење енергија.
  • „стабилизирање/консолидирање“ на градски четврти кои се веќе целосно изградени и нивно доуредување и одржување. 
  • изграба и уредување на градски четврт кои се „изгубени во време и простор“ .

Препознаените проблеми и предизвици во областа како основа за креативна заедница

Подрачјето на општина Центар поседува карактеристичен и особено препознатлив дух на местото, како во однос на физичката струткрура, така и мемориско-културолошка, кој за жал од години во години, се нарушува и не обезбедува континуитет и зачувување на неговите трајни вредности. Урбанистичкото планирање и самата изградба, не обезбедуваат доволно услови за поддржување ниту на уметноста и архитектурата, како и креативноста во смисла на простори за креирање, убави катчиња, културна забава за сите возрасни групи. Имиџот и градскиот пејзаж засега е само нешто грдо, валкано и неодржувано како крајно неодговорно…

Нашите заложби се:

  • заштита на „духот на местото“ со помирување на наследените просторни и културни вресности и зачувување на вредните симболични места и архитектонски објекти, со посветена и континуирана грижа за нив.
  • обезбедување нови простори за креација и фаќање чекор со современите движења во уметноста и архитектурата, поттикнувајќи млади уметници и архитекти, од земјата и странство.
  • распишување урбанистички и архитектонски конкурси за реконструкција и ревитализација на веќе богато изградените градски четври и поголеми архитектнски комеплкси, како и за се’ уште неизградените и нереализираните. 

Очекуваните придобивки се: 

    • Поквалитетни урбанистички и архитектонски решенија избрани според валидни критериуми и можност за збогатување на градската слика.
    • Градски простор кој ќе понуди квалитет наместо кванитет, со содржини и атрктивност за секој граѓанин и корисник на псторото. 

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 

Слабо интегрирано планирање без поврзување на урбанистичките планови и претпоставениот прираст на население со капацитетот и идната оптовареност на училиштата и градинките. Слаба реонизација без почитување на сообраќајната безбедност, и без квалитетни податоци за бројот на население. Нефлексибилен начин на примена на реонизацијата во на училиштата и градинките. Неверодостојни извештаи од основните училишта и градинките, слаби или никакви индикатори за образовните, финансиските или инфаструктурните параметри основните училишта и градинките, лошо известување за инклузивноста и интеркултурализмот, како и за постигнувањата на децата, особено во основните училишта. Немање рамномерен, ниту индивидуален пристап кон решавање на утврдените потреби, фаворизирање на едни училишта, заборавајќи на потребите на другите. Недостаток на дидактички средства во училиштата (не само компјутери, туку микроскопи, карти, сетови за експерименти по хемија, физика, квалитетна интернет врска како особено важна при онлајн настава и сл.)-во соодветен број за реално да може да се одржат часовите. Социјална инклузија на ниско ниво, без веродостојни податоци за потребниот број деца кои треба да се вклучат (деца во ризик од сиромаштија, мали етнички заедници – Роми итн.). Слаби управувања со средствата од издавање на простор во училиштето. Слаби училишните одбори (слаба независност). Евалуација на задоволството на квалитетот на образовни услуги не постои, недоволно се вклучени и родителите и децата, а училишниот парламент постои единствено и само на хартија. Хигиенските и безбедносните услови во училиштата во Центар се недоволни, а транспортот за екскурзии се прави без безбедносна компонента на автобусите (појаси за децата). КК Работнички без надомест ги користи спортските сали, со што зафаќа термини за други спортови, но и го оштетува буџетот за самофинансирање на училиштата. Безбедноста и мерките за заштитаи спасување во и околу училиштата и градинките е на ниско ниво, а паркирањето во училишните објекти е дополнителна опасност.
 

Нашите заложби се: 

 

Еднакви можности за секое дете

  • достапни, инклузивни и пристапни јавни уредени зелени површини, игралишта, градинки и училишта за сите деца во Центар

Заштита на детските права, нивната безбедност и правилен развој 

  • Пристапност до ресурси за образование во сите училишта, 
  • Програми иницирани за современи и граѓански вредности 
  • Подобрена здравствена и физичка заштита темелена на реални показатели од анализите на контролни/систематски прегледи
  • Заштита од насилство во и вон објектите
  • Сообраќајна безбедност димензионирана кон потребите на најранливите
  • Безбедносните мерки и инфраструктурни проблеми да се третираат со сериозност

Поддршка за вклученост на сите деца во образованието 

  • Рамномерност во инвестициите и опремувањата на училиштата
  • Социјално мапирање за комплетна социјална инклузија – ниедно дете во ризик не смее да остане исклучено

Планирање на капацитети согласно потребите на жителите

  • Капацитетите на градинките и училиштата мора да се соодветни на потребите, па планирањето на просторот ќе ги вклучи и потребите за квалитетна образовна и социјална инфраструктура. 
  • Запирање на постапките за дозвола за упис во градинките над пропишаниот капацитет. За оптоварените училишта, проверка на запишани деца според регионот на припадност, а флексибилност во запишување при постоење слободните места во училиштата и градинките. 
  • Иницирање на меѓуопштинска соработка со оние општини кои имаат значителен дел деца кои се запишани во општина Центар. 

Евалуација на образовните и згрижувачките услугите

  • Анкетирање и проверка на состојбите во сите училишта индивидуално (или организирање средби со Советите на родители и децата) 
  • Реални параметри за евалуација на квалитетот и за доделување награди кон наставниот кадар и стимулација, како и размена на искуства и добри пракси 

Одговорно финансиско работење 

  • Квалитетни анализи на извештаи од приливните средства, самофинансирачките активности, донациите од родители или правни лица 
  • Квалитетна анализа на трошоци и планирање на буџети
  • Одговорно и рамноправно располагање со ресурсите на училиштата
  • Секое искористување училишен простор мора да придонесе за квалитетот на образовни услуги, и не смее да биде злоупотребено

Одговорен, отчетен и независен општински образовен инспектор 

  • Општински инспектор за образование кој совесно и сериозно ќе ја исполнува својата надлежност

Зајакнати независни училишни одбори, Совети на родители и претставници во институциите

  • Обезбедување материјално-финансиски средства за училиштата за дидактички материјал и ИТ, како дополна на нивните сопствени приходи
  • Зајакнати и независни Училишни одбори

 

Очекуваните придобивки се: 

Задоволни граѓани, вклучени родителите и учениците преку заедничко планирање во подготовката на плановите за развој, управување и активизам во образованието;   

„Општина Центар ја обезбедува иднината на своите ученици преку квалитетен и современ воспитно-образовен процес.“-усвоено 2016

Подигнување на квалитетот на образовни услуги и услуи за грижа на деца во ран период на ран детски развој и предучилишно воспитување

Нови ИТ механизми и процедури за комуникација и вклучување на граѓаните во планирањето и развојот на образованието; 

Подигање на капацитетите на сите чинители, и подобрена соработка како и мониторинг меѓу Општината и училиштата и градинките, со реални параметри и показатели. Континуирана едукација, стручно усовршување и мотивација на кадарот, унапредување на соработката со граѓанскиот сектор. 

Подобрено управување со финансиите: Квалитетно распределен дел од општинскиот буџет наменет за развојни активности во грижата и образованието;oбезбедување на потребните дидактички средства во училиштата;  зголемување на самофинансирањето, како и други извори на средства за финансирање на областа образование, подобрено финансиско известување и планирање. Неселективен однос на општината кон училиштата и градинките, а соодветен на индивидуалните и специфични потреби.

Подобрен квалитет во програмите за воннаставни активности, екскурзии и настава во природа.

Еднакви можности за сите деца

Реална социјална мапа и идентификување на секое дете во ризик за обезбедување на соодветна грижа, вклученост и сервиси.

Социјална правда и инклузија на ниво на целата Општина Центар.

Интегрирано планирање според потребите на децата

Капацитети според реални потреби.

Зголемена безбедност на децата во училиштето и градинките, на пат кон и од училиштата и градинките, како и во тек на екскурзиите. Здрава и безбедна исхрана и обезбедување оброк на сите деца во ризик.

Партиципативност и социјална емпатија кон граѓаните, работа со директно вклучување во процесите, при донесувањето одлуки и стимулирање дека секој е и дел од решението.

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 

Тешка достапност на услугите од општината за граѓаните и бизнисите. Незадоволство од неквалитетното испорачување на услугите, кое е подлежно на секакви влијанија.

Несоодветна промоција за развој на бизниси на територија на Општината.

Никаква објава на податоци за бројот на донесени странски инвеститори, бројот на отворени компании, бројот на отворени локали и сл. кои би биле параметар за следење на успешноста.

Слаба организација на јавниот простор понуден за деловна намена, без грижа за последиците кон жителите, ниту кон животната средина. 

Никаква анализа за потребите на жителите за соодветни деловни намени во населбите, за да сервисите се нудат во достапен простор за пешачење. Дополнително, дозволување на деловни субјекти од иста област во низа, без распределба на намените согласно потребите.

Низок степен на поддршка за претприемништвото, иновациите и нови старт-ап компании. Никаков co-sharing простор за работа.

Квалитет на живот: 

Нејасно управување со добрата кои ги поседува или и се дадени на управување на општината: земјиште, објекти, простри, опрема и сл. 

.

Нашите заложби се: 

 

  • Дигитализација на што повеќе од општинските услуги и за физички и за правни лица.
  • Отворени податоци од општината, како можност за развој на апликации и решенија од приватниот сектор или ИТ ентузијасти.
  • Побрзи, поефтини, подостапни услуги. Намалување на можност за грешки со автоматизираност на процесите и базирање на одлуките на анализи и податоци. Намалување на можност за копурција поради намалување на човечкото влијание врз процесите.
  • Промоција на потенцијалните развојни бизниси согласно урбанистичките планови (и ГУП и ДУП), како и интегрирано планирање на просторот со локалниот развој на економијата. Обезбедување и транспарентно објавување на метрички податоци со цел одржлив развој на економијата во Општината.
  • Управување со имотот и опремата во сопствености или дадена на користење на општината и домаќинско управување со него.

Очекуваните придобивки се:

  • Побрзи, поефтини, подостапни услуги, и одлуки базирани на анализа на податоци за потребите на жителите, можноста на просторот, интегрирано при носење на нови урбанистички планови и посторог дефинирање на деловните намени на објектите. 
  • Стимулација на иновативни бизниси, стартапи, а со решенија од полза на жителите на Центар, а базирани на отворени податоци.
  • Задоволни деловни субјекти и однос со заедницата.
  • Зголемување на учеството во буџетот на општината кој се генерира како % од остварување на ДДВ, но и персонален данот на доход од индивидуални занаетчиски активности, ракотворби и уметнички дела.
  • Регулирање на имотното/корисничко право и јасната слика за вкупниот имот на ОЦ ќе даде основа за изработка на стратешки планови и проекти како и управување со истите во корист на економски развој на општината и просторно планирање и  на  јавнто добро во корист на сите граѓани-обнова на запуштени и неискористени простори и нивна пренамена  во центри на ЛЕР  

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 

Планската документација за заштита и спасување, процената на загрозеност од природни и други несреќи и планот за заштита и спасување не се ажурираат редовно и оваа состојба придонесува за донесување на одлуки и имплементирање на мерки кои не соодетсвуваат со реалната состојба и новите ризици

И пред пандемијата на КОВИД-19 и он-лајн наставата, но и сега, учениците и децата во градинките немаат континуитет во едукацијата за намалување на ризикот од катастрофи и ја зголемуваат својата ранливост кон истите. Евакуационите планови не се јасни за учениците, а мерење на време за евакуација и локација на езбедни места никаде не се објавува.

Слаб капацитет за противпожарната зашитата  и подигање на свест за солидарност и одговорност.

Ниско ниво на информираност и вештини кај жителите на општина Центар во справување со кризни ситуации.

Нашите заложби се: 

Ажурираната планска документација за заштита и спасување за подобрена заштита и спасување на подрачјето на општината, особено со стручен преглед на одобренијата од ДЗС на секој урбанистички план.

Проценка на пристапност на противпожарни возила до сите објекти во општината и спроведување на мерки за намалување од ризици.

Темелно дефинирање на параметрите за технички прием, а кои се однесуваат на противпожарна заштита, како и исправност на заштитна опрема. Ова да биде обврска на инспекторите за домување на Општината.

Формирање на доброволно противпожарно друштво во соработка со Противпожарна бригада Скопје, Центар за управување со кризи, Црвен крст , странски донатори како Австриска и Словенечка амабасада за поддршка околу опремување и обука на 50 до 100 жители на центар кои би биле дел од оваа единица. Друштвото ќе функционира како резервно надополнување на скопските професионални пожарникари во лените периоди и како резерва која би се ангажирала при големи шумски пожари во државата. Општината да биде одговорна за нивно опремување со лична опрема и постојана дообука по пример и по можност со сродните доброволни друштва од Австрија и Словенија кои летово гасеа пожари во Македонија.

Формирање на центар за едукација за природни катастрофи и непогоди. По напуштањето на социјалистичкиот систем на СВОЗ населението практично не знае како да се однесува и како да помогне при различни природни катастрофи, кои како што се предвидува со климатските промени ќе стануваат сѐ почести. Центарот би имал задача годишно да организира повеќе обуки кои ќе бидат отворени за сите жители на Општината, но и градот Скопје на кои стручни лица од Противпожарна бригада, ЦУК, АРМ, полиција, Црвен крст и странски експерти ќе ги подготвуваат граѓаните како да се однесуваат и што треба да прават во случај на поплави, земјотреси, пожари, лизгање на земјиште, прва помош на повредени.


Очекуваните придобивки се:

Зголемена безбедност, информираност, едуцираност и вклученост на граѓаните во заштита и спасување од природни катастрофи и климатски промени.

Доброволно противпожарно друштво.

Центар за едукација за природни катастрофи и непогоди.

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 

Копање на улиците за секоја инсталација пооделно. Постојано се прекопуваат и асфалтираат;  Недоволно и скапо осветлување; Скапо одржување на јавната чистота без употреба на технички средства; Слабо планирање на буџетот во програмите и немање никакви цени со единечна вредност за споредба во плановите за набавки. Не постоење на реални индикатори за мерење на развојот, и слаби извештаи за остваруваните резултати, често неразбирливи и нечитливи.

Нашите заложби се:
 

  • Обезбедување високо квалитетни официјални податоци, параметри и статистики и вистинска информација за „вистинските работи во вистинско време„, со темелни податоци кои ќе се анализираат, индикатори за следење на состојбите,  надградба на постоечки ГИС податоци (geospatial data), и примена на модерна технологија и системи за собирање и управување со податоци и процеси. 
  • Просторно распределни и прикажани податоци со точна просторна локација на ниво на градски четврти, ќе придонесе за мониторинг на индикаторите за развој на локално ниво. Со детален во податоци и со појасен визуелен приказ ќе се помага во донесување на поквалитетни одлуки, во известувањата за плановите, програмите и реализираните проекти, како ќе помогне во споделување на оправданоста за инвестиции кон граѓаните.

Очекуваните придобивки се:

Одржлива урбана средина, квалитетно измерени и дефинираат параметри и цени за инфраструктурата, социо-економските фактори, користењето на ресурсите, емисиите и сите други процеси кои придонесуваат и користат од метаболизмот, просперитетот и квалитетот на животот на општината. Мерење и оценување ќе овозможи поголема одговорност, отчетност и транспарентност, како и реално буџетско планирање и управувањето при уредувањето на земјиштето, урбаното и градското планирање, како и планирањето на инфраструктурни и комуниални услуги. Индикаторите може да се базираат на SDG 11 – Одржливи градови и населби, а според веќе работената методологија да се развијат за цела територија на Општина Центар. Со ваквите следења на моемнталните состојби и резултатите од инвестициите ќе се идентификуваат областите на (1) потенцијали и можности, како и (2) областите со загрижувачки состојби, а за да се подобрат, развивајќи реални цели за одржливост.

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 

Подрачјето на општина Центар како најгусто изграденo во Скопје и државата, се соочува со сериозни проблеми на губење на зелените јавни простори, но и блоковското и дворно зеленило, а тоа што е останато иако делумно реконструирано и рехабилитирано во неколку наврати, не се одржува. Под постојана закана се и некогаш големите зелени површини во дворовите на детските градинки и училишата, јавните објекти (библиотеки, факултети, театри, административни и сл.), како и уличното зеленило и дрвореди. Покажано разбирање за потребите на господарот автомобил и постојаното проширување на коловозите, на сметка на тротарите и околните зелени површини, доведува до „зарбоување“ на многу стари и квалитетни дрва и дрвордеи, големи улични зеленила се ставени во „саксии“, како и користење за паркиралишта.

Голема закана претставуват и сите видови на загадување: почвата, воздухот, водата, бучава, загадување од светлина и сл. Се’ повеќе се „бетонизираат“, односно запечатуваат преостанатите непокриени земјени површини, со што градот се „суши“, и не ја апсорбира правта, а најчесто претставуваат и „топлотни острови“. Реката Вардар е одамна исклучително валкана и загадена, а некогашните канали за прифаќање на поројни води се затвараат во покриени канали и стануваат локална канализиација.  Граѓаните се изложени на музиката и вревата од кафулињата и ноќните барови, вентилаторите од рестораните и дуќанчињата за храна. Не мал пробелем е и градското осветлување (улично, од реклами, излози, билборди и др.), кое допринесува за ефкет на „вечен ден“, а предизвикува сериозни здравствени проблеми. Но, еден од најголемите проблеми е што просторот е „удавен“ во отпад од секаков вид, а се должи на малиот број на контејнери за одлагање и нивна лоша позиционираност и недоволен капацитет, несоодветнен начин на собирање, недисциплина ниту на жителите, ниту на задолжените за собирање. Не е изграден систем за одвојување и реупотреба на отпадот, а на граѓаните не им е доволно јасно каде завршува отпадот и кога се трудат да го селектираат. 

Биодиверзитетот е нешто за кое ниту се размислува, ниту се преземени било какви посериозни истражувања и акции, иако постарите жители паметат одредени видови на флора и фауна, кои биле симбол на центарските населби. Немајќи посеопфатни „штета-придобивка“ анализи, типичните видови за ова подрачје се во опасност од исчезнување или веќе се исчезнати (липите, анамска рака, јасминот, овошните дрва, ластовиците, …..), со што се губи квалитето и меморијата на живеење во Центар. 

Разбирањето на климатските промени, што тие предизвикуваат и ефектите од нив, е слаба алка во креирањето на политики за заштита на животната средина. Постои сериозна промена на микроклимата и појава на екстремни непогоди: поројни дождови, силни ветрови-мини урагани, топлотни острови, замрзнати дождови и сл., кои нанесуваат сериозни штети и опасности по човечките животи и материјалните добра.


Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 

Не постои системско, планско, економично и стручно справување со предизвикот да се обезбеди што е можно почиста животна  средина за граѓаните и да се намали загадувањето.  Јавното зеленило е сериозно намалено од интензивното градење и непочитување на законските услови како и од институционалната негрижа поради што граѓаните се соочени со бетонски „топлотни“ острови и зеленило кое се суши и изумира, а општината со зголемени трошоци за негова замена. Загадувањето на воздухот е сериозен проблем за жителите кој го менува начинот на живот во зимските месеци и придонесува за серија на здравствени проблеми кај граѓаните од сите возрасти. Нашата општина како средишна точка во градот во која се концентрирани и административните државни институции секојдневно е посетена од многу граѓани од целата држава како и од странски посетители при што заедно со домаќинствата се создаваат големи количини на отпад со кои комуналните служби не се справуваат соодветно. Повеќето објекти во општина Центар се изградени од пред повеќе децении и станарите и корисниците се соочуваат со потреба од санација и поголема енергетска-ефикасност, и иако има финансиска поддршка и се освојуваат буџетски сретства, сепак не псотои јасно поставени цели и некаков распоред и акциски план. Загадувањето на воздухот е сериозен проблем за жителите кој го менува начинот на живот во зимските месеци и придонесува за серија на здравствени проблеми кај граѓаните од сите возрасти.  

 

Нашите заложби се: 

  • Обезбедување системско, планско, економично и стручно следење, креирање политики, планирање и управување со животната средина за подрчјето на општината.
  • Граѓаните навремено да бидат информирани и да имаат можност за увид во плановите за замена на исушени дрвја и можност директно да пријават „хазардни“, но и заробени дрвја. 
  • Дооформување и збогатување на зелената инфраструктура (паркови, зелени плоштатки, дрвореди, зелени и зелено-сини коридори и др.) и подигнување на стандардот на зеленило м2/жител. Да се изработи на План за подигање и развој на зеленилото како законска обврска, но и сериона потреба. 
  • Зајакнување на одржувањето на зелените и слободните јавни простори, со градење на сопствени капацитети и користење на партнерството со Град Скопје. Формирање на независно или во склоп на друга општинаска единица, претпријатие или оддел, за раководење и одржување на постојните и подигање нови зелени површини. Воспоставувње појасни релации за акции и одговорности со градот и ЈП Паркови и зеленило.
  • Заштита на секоја педа неизградено и запуштено земјиште во сопственост на општината и државата, но и отварање на можност за откупување на одредени површини од приватни сопственици (физички и правни лица), со правичен надоместок, за дооформување и изградба на нова зелена инфраструктура.
  • Употреба на порозни материјали за површините кои мораат да бидат поплочени (јавни паркиралишта, патеки и улици, училишни дворови, спортски игралишта и др.), кои би ги ублажиле проблемите со одведување на води и загадување на почвата и подземните води. 
  • Посебна грижа за Реката Вардар како зелено-син коридор, како и за останатите водени токови, како потенцијално нови зелени коридори.
  •  

Очекуваните придобивки се:

  • Преку високостручно редовно следење на состојбата и грижа, за кои ќе треба да се дообучат и надлежните сектори во општината, ќе се придонесе постоечкото зеленило да се поврзе и врати во подобра состојба што ќе ги намали трошоците за негова замена, а новото зеленило да се развива плански со видови кои сепогодни за поднебјето. Изведувачите на зеленилото ќе мораат да гарантираат за преживување на новата вегетација. 
  • Создавање зелен, чист и квалитетен градски простор, со доволен капацитет за задоволување на потребите на сите граѓани и корисници на просторот, но и удобен за сите посетители на градот.
  • Реката Вардар да си го добие своето место како главна зелено-сина градска артерија, зелана, чиста, свежа и лесно достапна. Место за граѓаните и посетителите, но и место за пријатен живот за флората и фауната. 

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 

  • Недостаток на стратешки документи за сообраќајот, на ниво на Скопски регион, на ниво на Град Скопје, но и никакви документи на општинско ниво
  • Неодржлив сообраќаен модел базиран примарно на индивидуалниот превоз со автомобил
  • Недостаток на податоци и анализи (за модална распределба, за број на јавни и приватни паркинг места)
  • Непристапност на јавните површини за инвалидски и детски колички, за велосипеди и тротинети
  • Непостоење на план за велосипедска и пешачка мрежа на ниво на Општина Центар (ЛЕАП-от тоа го предвидува)
  • Немање евиденција за употребата, но и изведбата на паркиралишта во нови објекти
  • Слаба контрола дали паркиралиштата се пренаменети во деловен простор или не се користат воопшто
  • Се издаваат ПОЦ картички со кои се зафаќа јавен простор. Бројот на картички на ПОЦ е поголем од бројот на достапни паркинг места. Картичките се издаваат без строги критериуми, не се проверува дали објектите каде живеат жителите во проект обезбедиле паркинг места и дали се од периодот пред или после барањето да се обезбеди паркинг во своја парцела
  • Емисии од возила заради застои, немање систем за анализа на интензитет на сообраќај усогласен со капацитет на сообраќајници
  • Проектите не се базираат на докази, точни податоци за состојбата на терен, анализи и извлекување поуки од други студии (пр. кај Орце Николов: не се земени предвид позициите на дрвјата, позициите на скалниците од објектите, се користат темни плочки, наспроти студиите за топлотни острови итн.)
  • Небезбедност на немоторизираните учесници во сообраќајот
  • Висок степен на бучава кој произлегува од интензитетот на моторен сообраќај, но и нагли забрзувања / успорувања
  • Ранливите учесници (децата, повозрасните граѓани, лицата со хендикеп) се оневозможени независно да се движат низ општината
  • Узурпирани тротоари од возила и несоодветно поставена урбана опрема
  • Ниски стандарди за тротоари во урбанистичките планови (додека Ленинова и Орце имаат тротоари од по 6-7 метри) тротоарите во Треска, во Маџир Маало, Крњево во важечките планови се планирани со широчина 1.5-2м.
  • Проблем со паркирање велосипеди во јавен простор (недоволен број држачи) и во објекти (паркирање во влезови, во станови, на тераси)
  • Слаба соработка со Сообраќајна полиција, и со град Скопје за промена на режими и зголемена безбедност на црни точки

 

Нашите заложби се: 

Советот да усвои декларација за хиерархија на учесниците во сообраќајот при сообраќајно и урбанистичко планирање/проектирање со приоритизирање на просторот и потребите на пешаците, велосипедистите и јавниот транспорт за безбедност, погодност и комфорност (превртување на пирамидата). 

Да се изработи план за подобрување на пешачкиот и велосипедскиот сообраќај во Општина Центар со план за проширување на пешачки зони, план за подобрување на пристапноста и безбедноста, план за велосипедска мрежа и паркинзи, подобрување на јавниот постор итн. 

Да се прогласи цело централно подрачје (со исклучок на булеварите), поточно сите улици во надлежност на Општина Центар за Зона 30, а некои делови (околу училишта и градинки, на улици каде нема тротоари) и за Зона 20. 

Да се редизајнираат зоните околу училиштата и градинките со приоритет на безбедноста на децата.

Мапирање на сите паркиралишта на отворено (ПОЦ, Градски паркинг, јавни и приватни катни гаражи, паркинзи во склоп на институции), но и на сите објекти со контрола дали изведбата одговара на одобрението за градење.

Дефинирање на построги критериуми за добивање ПОЦ картички, како во однос на податоци за објектот каде домува жителот, така и во однос на поседување второ, трето возило итн.

Советот да се заложи за промена на регулативата, да биде можно да се санкционира нелегалното паркирање од комунални редари.

Анализа на податоци за сообраќајни текови, моделирања на сообраќај, студија со издржани податоци за моментални токови, тесни грла, црни точки, временски застои и капацитети на улична мрежа и паркинзи

Редовна соработка и обезбедување податоци од сообраќајна полиција за сообраќајни незгоди, со време, локација, учесници и причини, со цел подобрување на инфраструктурата, со поставување на бариери и успорувачи (лежечки полицајци, подигнати пешачки премини, шикани) и обележување со сигнализација.

Кај урбанистичките планови кај кои има можност (кои не се реализирани во поголем дел) да се зголемат стандардите за тротоарите, да се предвидуваат и велосипедски патеки и да се зголеми и регулационата ширина на улиците.

Советот да донесе Заклучок за стандардот за велосипедски паркинзи кој ќе се применува во одобренијата за сите нови објекти. За постојните објекти да се бараат иновативни решенија како велосипедски „хангари“ и сл.

Да се продолжи со субвенционирањето на велосипеди, но да се направи и диверзификација на субвенциите и да се вклучат субвенционираните граѓани во фокус групи, анкети итн. од кои ќе се прибираат податоци. 

Да се организираат Денови без автомобили со цел да се поттикне поинакво доживување на просторот. 

При градежни активности (било на јавна инфраструктура или од приватни објекти) со кои се зафаќа дел од јавниот простор, да се заштитуваат соодветно пешаците. 

Јавноста да биде соодветно информирана (јасни, читки цртежи и потребна документациј) и навремено вклучена во процесот на изработка на сообраќајни проекти. 

Очекуваните придобивки се:

– Поголемо ниво на пешачење и користење велосипед и тротинет, а одржливо користење на личниот автомобил

-Зголемено ниво на безбедност, намалување на бројот на повреди и жртви

-Можност за независно движење за децата, повозрасните граѓани, лицата со хендикеп, семејствата кои немаат автомобил итн. 

-Помал метеж, помало загадување и помала бучава

-Намалено влијание на климатски промени

-Смирување на сообраќајот, попријатни улици, среден јавен простор, поквалитетно живеење

-Повеќе простор за зеленило и јавен, маалски живот 

-Подобро здравје, поголема релаксираност во јавниот простор и задоволство од удобен градски живот. 

-Поголема вклученост на граѓаните во процесите и чувство на припадност и одговорност кон заедницата

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 

Отсуство на волја за создавање на слободен простор за создавање на современи изведувачки уметности во општина Центар; негрижа за веќе постоечката улична уметност низ целата општина. 

Негрижа за историјата и историските личности кои се значајни за општината и државата а се врзани мемориски, локациски или сл., за подрчјето на општината. Негрижа за објекти кои се водат како културни историско наследство, за одредени мемориски локалитети и локации. Негрижа за старите препознатливи градски јадра: Калето, Старата скопска чаршија, Плоштадот Македонија-Камен мост-Пл. Карпошово востанеи, Градскиот парк, Културен целнтар, и др.

 

Нашите заложби се: 

  • Јавна дебата за дефинирање на потребите на уметниците; поттикнување на создавање на работни групи кои би воделе до креирање на локални политики/подзаконски правни акти во кои би било дефинирано што, кога и како би можело да се започне со создавање на ваков слободен простор.
  • Обележување на сите објекти кои се водат како културни историско наследство во маалото.
  • Програми од областа на културата да ја обработуваат и направат јавно достапна историјата и животот на граѓаните во старите урбани јадра.
  • Преземање ицијатива и потребни мерки со надлежни институции и во соработка со жителите да се заштити постојната и прошири зоната за старо урбано јадро и објекти под заштита;

Очекуваните придобивки се:

  • Достапност до слободен простор за современа култура/перформативни уметности во општина Центар; поттикнување на создавање на улична уметност/еко-активизам преку перформативни уметности итн. 

Препознаените предизвици и проблеми во областа се: 

Застарени процедури и постапки за планирање и програмирање; Слаби капацитети за користење на дигитални алатки; никаква примена на податоци за донесување одлуки; Никакви системи за собирање податоци потребни за мерливост на развојот; слаба комуникација со граѓаните за оправданоста на инвестициите; Проблеми со транспарентноста, не постојат контакти од службени и одговорни лица, не е објавена систематизацијата, ниту органограмот; Архивата не е дигитално достапна, не се споделува со службите и советот навремено; Нетранспарентен Совет, немање контакт со граѓаните, недостаток за вклучување во процесот при донесување одлуки, ниту вклучување во комисиски расправи; необјавување на одлуките пред да се донесат; седниците не се снимаат и прикажуваат (во живо или како снимка) и не се прават квалитетни записници од седници кои реално го покажуваат ставот на секој советник, туку само се евидентира кој земал збор.

Нашите заложби се: 

  • модернизација на постапките и процедурите
  • дигитализација на процесите
  • одлуки базирани на анализа на податоци
  • системи за собирање податоци
  • деперсонализирани мерења за состојбите кои сега зависат од личен инспекторски интегритет
  • зголемена и подобрена комуникација со граѓаните 
  • подобрена и потранспарентна веб страна
  • достапна дигитална архива на општината
  • е-совет 

Очекуваните придобивки се:

Транспарентна, репонзивна и отворена општина; брза во донесување квалитетни одлуки базирани на точни и ажурни податоци и анализи; одговорна при планирањето на буџетот; подобрени човечки ресурси за употреба на дигитални алатки; зголемена продуктивност, ефикасност и вклученост на советот во процесите на општината, олеснет увид во барањата од граѓаните; независни контроли и мерења со сензори наместо со инспектори; достапна архива и е-Совет со можност на вклучување на граѓаните во сите чекори при донесување одлуки.

ВОЛОНТИРАЈ ВО КАМПАЊАТА

Доколку сакаш да ни помогнеш во кампањата, а сметаш можеш да придонесеш со своето залагање и работа во тим, пријави се за волонтер во кампањата на незаисната граѓанска листа Шанса за Центар. Потребни ни се динамични и исполнителни луѓе, комуникативни и отворени, по можност со познавање на маркетинг, управување со податоци, пишување, теренска работа.